fbpx
Таг: аерозагадување

таг: аерозагадување

Изминатава зима имало драстични разлики во присуството на ПМ-2,5 честичките во делови на Скопје [инфографик]

Драстични разлики во мерењето на опасните ПМ-2,5 честички се регистрирани од мерните станици на Министерството за животна средина и просторно планирање во одредени делови од Скопје. Истовремено, ПМ-10 честичките остануваат проблем за граѓаните на целиот град, покажуваат месечните извештаи за аерозагадувањето во Скопје за февруари и март 2022 година што се изработени од ова министерство. Мерните станици покажале дека во...

Во зима најмногу загадува греењето на дрва, градилиштата во лето, а сообраќајот и индустријата цела година

Биомасата, односно греењето на дрва, е најзначаен извор на загадувањето на воздухот во Скопје во зимските месеци. Палењето огнови на отворено се причина за загаден воздух најмногу во пролет и лето, а сообраќајот, индустријата и согорувањето на нафта и мазут се извори на загадување во текот на целата година. Минералната прашина, пак, која е последица на градежните работи, во...

Централната лабораторија за животна средина и годинава нема да мери загадување на воздухот

Каков е квалитетот на воздухот што го дишеме, дали постои загадување од некој индустриски капацитет или кои се полутантите кои се присутни во воздухот во моментот и годинава ќе се испитува само во приватни лаборатории. Централната лабораторија, која е дел од Министерството за животна средина, дури идната година ќе се акредитира за мерење на загадувањето на воздухот. Минатата година Министерството...

Инспекторатите бараат арсенот во Лојане и Табановце да се огради и да има табли за предупредување

По пишувањата на Мета.мк и Порталб.мк за опасностите од расфрланиот арсен и други отпадни минерални суровини во Лојане и Табановце, Државниот инспекторат за техничка инспекција (ДИТИ) на 4 февруари годинава изврши инспекциски надзор на посочените локации и констатирале дека јаловиштето во кругот на рудникот „Лојане“ и депонијата кај железничката станица во Табановце не се оградени и не се поставени...

Зимава во Карпош воздухот бил најчист, додека Лисиче, Ректорат и Гази Баба најзагадени [инфографик]

Проблемот со загадувањето на воздухот во Скопје останува актуелен, но бројот на денови со нечист воздух и измерените загадувачки концентрации изминатава зима се нешто помали во споредба со претходната зима, особено кај најопасните ПМ 2.5 честички. Во текот на декември 2021 и јануари 2022 година од петте постојани мерни станици во Скопје, произлегува дека најчист воздух дишат граѓаните на...

Берово доби мерна станица и го сруши митот за чист планински воздух во градот

Мерна станица за мерење на квалитетот на воздухот доби Берово и првичните резултати од мерењата го срушија митот за чистиот планински воздух во овој град. О2 Иницијативата направи анализа на аерозагадувањето во Берово, при што констатираат дека редовни се концентрациите на PM10 честички над 100 микрограми на метар кубен, додека PM2.5 честичките се доста високи, ако се земат во...

Концесионерот на арсенот кај Лојане не поставил ограда оти мислел дека ќе го извезе за 6 месеци

Имавме план да го продадеме целокупниот материјал во Кина за 6 месеци и поради тоа не помисливме дека е неопходно да се постави ограда околу јаловиштето кај рудникот „Лојане“. Ова е одговорот што го добивме од турската компанија „Калтун Мадденџилик“ на прашањето зошто не е поставена ограда и информативни табли околу локацијата каде што е складиран арсенот и другите...

Загадениот воздухот во регионот предизвикува над 30.000 предвремени смртни случаи

Загадувањето на воздухот во Западен Балкан предизвикува голем број на предвремени смртни случаи, а последиците вклучуваат пократок животен век и влошување на јавното здравје. Затоа е неопходно итно да се подобри квалитетот на воздухот и јавното здравје, преку надградба на здравствените системи. Ова го изјави Европскиот фонд за Балканот при овомесечната имплементација на третата фаза од кампањата „Обединет Балкан...

За првпат во историјата, во Европа електричните автомобили повеќе продавани од дизелашите

Во Европа во текот на декември 2021 година се продадени повеќе електрични автомобили во споредба со дизелашите, пишува Фајненшел Тајмс. Станува збор за историски резултат, којшто е силно поддржан од субвенции од владите и законските ограничувања за возилата што испуштаат штетни материи во воздухот. Повеќе од една петтина од продадените автомобили во 18 европски земји, вклучувајќи го и Обединетото Кралство,...

Град Скопје: Се чистат депонии во Лисиче и Кисела Вода

Градот Скопје информира дека се исчистени две депонии во Лисиче и во Кисела Вода, како дел од проектот за чистење и средување на над 120 мапирани депонии низ Скопје. На дивата депонија во Лисиче кај Усјански канал подигнати се вкупно 538 метри кубни  на смет, шут и кабаст отпад и вегетација, а исчистена е вкупна површина од 1345 метри...

„Шорткат“: Кои се вистинските чекори за намалување на аерозагадувањето?

Во првото издание на емисијата „Шорткат“ во 2022 година ја носиме веста за тоа како помина новогодишната прослава во главниот град. За првпат по долги години, локалната власт во Скопје не организираше огномет при дочекот на Новата година. Нашата фотографија покажа дека, сепак, скопјани не потфрлија во поглед на искористените пиротехнички средства точно на полноќ. Во Новата година влеговме со...

Да се спроведат сите мерки од локалните еколошки планови на општините, бара Граѓанскиот инспекциски совет

Да се спроведуваат сите мерки кои се утврдени во локалните еколошки планови на општините, инспекциите да се постојано на терен, а загадувачите на воздухот да се откриваат во реално време и да добијат казна, да запре насилната урбанизација и уништувањето на зеленилото, а институциите конечно да дадат одговори колкав е соодносот и уделот во аерозагадувањето на индустријата, домаќинствата и...

Новата влада ќе треба да го забрани увозот на возила со под ЕУРО 5 стандарди [инфографик]

Помина една година од изјавата на министерот за економија Крешник Бектеши дека ќе се забрани увозот на половни возила со под ЕУРО 5 стандард на емисија на издувни гасови во земјава. Тој забраната за увоз на возила постари од 10 години најави дека ќе се реализира во текот на 2021 година, за кон крајот на минатата година Министерството за...

Аерозагадувањето предизвикува повисоки стапки на неплодност во регионов

Долготрајната изложеност на загаден воздух кај населението од земјите на Западен Балкан може да предизвика намалување на плодноста на жените за повеќе од 10 отсто, шансите за зачнување се намалуваат во деновите со високо загадување, а се зголемува можноста за спонтан абортус. Оваа негативна последица од аерозагадувањето ја констатира Европскиот фонд за Балканот, кој со партнерите во регионот ја спроведува...

Стотина сензори ќе се поставуваат на градски објекти во Скопје, ќе се бараат изворите на аерозагадувањето

Советот на Градот Скопје прифати амандман на советниците на Зелен хуман град и се обврза од градскиот буџет да инвестира 700.000 денари за поставување на хипер-мрежа на сензори за мерење и локациско мапирање на аерозагадувањето во главниот град. Со овие средства ќе треба да се постават стотина сензори за мерење на аерозагадувањето на градски институции и средни училишта, но...

Загадувањето на воздухот повторно алармантно, нема реакција од институциите

Во првите денови од 2022 година, аерозагадувањето во земјава достигнува загрижувачки нивоа, но изостанува реакција на институциите. Веќе втор ден по ред, мерната станица во скопско Лисиче и Струмица е регистрирано присуство на ПМ-10 честички во воздухот над прагот за алармирање, но нема реакција од институциите. Според измерените податоци од мерните станици со кои управува Министерството за животна средина и...

Воздухот во Тетово и понатаму е загаден, недостигаат мерни станици, општината ветува решение

Веќе неколку дена квалитетот на воздухот во градот Тетово е многу лош. Според програмата AirCare, на 3 јануари нивото на штетните честички ПМ 10 и ПМ 2.5 било високо, конкретно 138 и 128 микрограми на метар кубен, што ја надминува дозволените количини во воздухот. Ниту локалните ниту централните власти немаат преземено сериозни мерки за решавање на овој проблем. Дури,...

Климатските промени и аерозагадувањето во 2021 година: Многу документи, малку имплементација

Реализацијата на проекти на национално и локално ниво коишто ќе имаат директен удел во намалување на аерозагадувањето и ублажување на климатските промени недостигаа во изминатата 2021 година. Северна Македонија усвои серија од важни стратегии и закони, а се обврза на Конференцијата за климатски промени на ОН - КОП 26 и со потпис на меѓународни договори, но имплементацијата дури и...

Дождот и ветерот го намалија аерозагадувањето, од утре јавниот превоз во Скопје не е бесплатен

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека е прекинат прагот на алармирање поради загадувањето на воздухот со ПМ-10 честички во Скопје и Струмица. „На ден 28.12.2021, среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 150 mg/m3, и епизодата од два последователни дена е прекината во Скопје - Центар, Гази Баба, Лисиче и Ректорат и Струмица“, информираат од...

Екологистите бараат построги мерки и координација меѓу институциите против аерозагадувањето

Наместо тесно-партиски ставови и обвинувања, од Еко-свест бараат многу позасилени напори и работење во континуитет за изнаоѓање системски одржливи решенија, со кои аерозагадувањето во Скопје ќе се намали, а со тоа и ризиците по здравјето на неговите жители. Од Еко-свест велат дека голем дел од краткорочните мерки и препораки, како и нивниот ефект, зависи од тоа колку ќе бидат прифатени...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...