Град Скопје: Се чистат депонии во Лисиче и Кисела Вода

Фото: Град Скопје

Градот Скопје информира дека се исчистени две депонии во Лисиче и во Кисела Вода, како дел од проектот за чистење и средување на над 120 мапирани депонии низ Скопје. На дивата депонија во Лисиче кај Усјански канал подигнати се вкупно 538 метри кубни  на смет, шут и кабаст отпад и вегетација, а исчистена е вкупна површина од 1345 метри квадратни.

Кај депонијата во Кисела Вода на улица „Христо Татарчев“ исчистена е површина од 506m2 на која бил подигнат и транспортиран смет, шут и кабаст отпад во депонијата „Дрисла“. Исчистената депонија е комплетно оградена со метални столпчиња и жица во висина од еден метар.

„Чистењето на дивите депонии во Скопје е приоритет во заштитата на животната средина и намалување на загадувањето на средината. Град Скопје ги повикува граѓаните да бидат совесни и одговорни кои се грижат за животната средина, бидејќи само така можеме заеднички да придонесеме кон почисто, зелено Скопје за нас и за идните генерации“, се вели во соопштението на Градот Скопје.