fbpx
Таг: аерозагадување

таг: аерозагадување

ЕУ ќе воведе ЕУРО 7 стандарди на моторите за намалување на загадувањето од возилата

Европската Комисија (ЕК) предвидува нови ЕУРО 7 стандарди за моторите на возилата, со кои ќе се намалат емисиите на издувни гасови и ќе се подобри квалитетот на воздухот во земјите-членки на ЕУ, информираат од ЕК. Комисијата денеска го презентираше предлогот за намалување на загадувањето на воздухот од новите моторни возила што ќе се продаваат во ЕУ за да се исполни...

Средношколци креираа иновативни решенија за намалување на загадувањето на воздухот

Учениците од средните училишта се способни и спремни да бидат носители на промени во општеството преку своите иновативни решенија за различни општествени проблеми и предизвици, беше заклучокот од Bootcamp-от на UPSHIFT програмата. Во рамките на програмата, од 2 до 4 ноември во Струга се одржа тридневен настан-UPSHIFT Bootcamp за развој и поддршка на социјални иновации поврзани со воздухот, каде...

ЕУ петта година критикува во Извештајот за загадувањето на воздухот, голем напредок нема

И во 2022 година, како и во претходните години, Европската комисија во Извештајот за напредокот на земјава во европските интеграции повторно со забелешки за аерозагадувањето. Во поглавјето Животна средина и климатски промени, ЕУ на македонските власти како прво задолжение на кое треба особено да работат во идната година им го потенцира забрзувањето на напорите за намалување на загаденоста на...

Од идниот месец ќе се знае колку е загаден воздухот во Охрид

Нова мониторинг станица, која ќе биде дел од платформата на Државниот мониторинг систем на Министерството за животна средина, ќе мери каков е квалитетот на воздухот во Охрид. Мерната станица е поставена на една од главните сообраќајници во градот, на булеварот „Туристичка“ во непосредна близина на спортскиот центар „Климент Колески“, а се очекува најдоцна до средина на ноември да биде...

Ќе има големо загадување на воздухот, но ќе нема државна лабораторија да го измери

Централната лабораторија за животна средина ниту зимава нема да биде подготвена да го следи квалитетот на воздухот што ќе го дишеме. Иако деновиве и министерот за животна средина Насер Нуредини најави дека нè очекува тешка зима во која ќе се користат нечисти горива за производство на електрична енергија и за затоплување на домовите и дека може да очекуваме и...

Не се набавени 250 еколошки автобуси

Во продолжение ја пренесуваме проверката на „Вистиномер“ на исполнетост на изборно ветување на сегашната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска:   Ветување: 250 нови еколошки автобуси Заради намалување на загадувањето во главниот град, предвидуваме транзиција кон целосно еколошки јавен транспорт. Нашата цел е поефикасно извршување на јавниот превоз, како и заштита на животната средина. Во соработка со централната власт и меѓународни партнери,...

Инвестициите во заштита на животната средина растат, но малку се вложува во заштита на почвата и шумите [инфографик]

Во државата лани се зголемиле инвестициите во заштита на животната средина, но издвоените средства се далеку од рекордните нивоа што биле постигнати во текот на 2018 година. Најголеми се трошоците за постапување со отпад, но затоа пак најмалку се инвестирало во заштита на почвата и шумите во 2021 година, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС). Вкупните трошоци...

Над 130 домаќинства во Лисиче преку УНДП добија еколошки уреди за греење и енергетско ефикасни фасади

Мерките преземени за подобрување на енергетската ефикасност на домовите и замената на старите грејни тела и шпорети со нови во над 120 домаќинства во населбата Лисиче, дадоа резултат и покажаа намалување на загадувањето на воздухот внатре во домовите и во околината каде што беа направени интервенциите. Овие анализи беа презентирани на завршниот настан на проектот „Справување со загадувањето во...

Расте побарувачката за огревно дрво, интерес има и кај оние што се греат на струја

Побарувачката на огревно дрво годинава е зголемена, но сепак во најголем процент потребите на консументите се задоволени. Ова е одговорот што го доби Мета.мк од ЈП „Национални шуми“ на нашето прашање за тоа колкав е интересот на македонските граѓани за огревно дрво пред претстојната грејна сезона. Согласно Програмата за работа на ЈП „Национални шуми“ за 2022 година, годинава ќе...

Мнозинството возила возат на нафта, државата нема субвенции за уреди на плин, општините спијат [инфографик]

Министерството за економија годинава нема да додели субвенции за вградување на плински уреди во возилата, бидејќи со антикризните мерки Владата одлучи да ги пренамени средствата предвидени за оваа намена. Општините исто така не доделуваат средства на граѓаните за промена на погонското гориво на кое се движат старите возила, а статистичките податоци покажуваат дека расте бројот на возила кои се...

Град Скопје ќе ја возобновува професијата оџачар, нуди бесплатни обуки

Во рамки на проектот „Оџачари за чисти печки и чист воздух во Скопјe“, Градот Скопје денеска го објави јавниот повик за избор на кандидати за бесплатна настава и обука за оџачари, информираат градските власти. „Проектот има за цел да обезбеди контрола на загадувањето на воздухот во Скопје на начин на кој ќе обезбеди услови за одржување на бесплатна настава и...

Возиме крш – просечната старост на автомобилите и автобусите се искачи на 19,5 години [инфографик]

По македонските патишта се вози крш од возила, чија што просечна возраст се зголемува од година во година. Нови загрижувачки податоци објави Државниот завод за статистика (ДЗС) за тоа каква била старосната возраст на возилата на крајот од 2021 година. Неславен рекорд на возниот парк е достигнат кај сите видови возила, но најзагрижувачка е состојбата кај регистрираните автомобили и...

Град Скопје одби да гради брз автобуски транспорт, со ребалансот повлечени парите за нов јавен превоз

Скопјани нема да добијат брз автобуски транспорт (БРТ) во Скопје оти градските власти одбиваат да го реализираат проектот вреден 70 милиони евра, за кој веќе се обезбедени средства преку заемот од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Инаку, претходното градско раководство во октомври лани го распиша меѓународниот тендер за изведба на првата БРТ линија од Ново Лисиче до...

Скопјани нареднава зима нема да бидат оставени без парно греење, но прашање е кој ќе затоплува [инфографик]

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ) изминатиов месец ги одзеде трите лиценци на компанијата БЕГ за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија, по што голем дел од граѓаните на Скопје си го поставија прашањето на кој начин ќе ги затоплуваат нивните домови во претстојната грејна сезона. Од РКЕВУ за Мета.мк потенцираат дека одземањето на лиценците не значи...

За една година регистрирани дополнителни 59.000 возила на македонските патишта [инфографик]

Бројот на граѓани и компании кои имаат сопствено возило за само една година се зголемил за загрижувачки 59.000. На крајот од 2021 година, во Македонија биле регистрирани 559.418 возила на патиштата, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). Во периодот на ковид-19 пандемијата, постои засилено зголемување на стапката на моторизација на населението во земјава. Колку за споредба, во...

Порталб: По пожарот во Тетово, граѓанското општество загрижено за последиците од загадувањето, надлежните мислат поинаку

Завчерашниот пожар што избувна во претпријатието „Пофикс“ во Тетово го покри градот со црн чад. Иако податоците од Министерството за животна средина и министерот велат дека квалитетот на воздухот е во границите на нормалата, еколошките организации и активисти велат дека воздухот е загаден и дека пожарот освен што е предизвикана лоша миризба во градот, граѓаните чувствуваат главоболки и печење...

Рекордни 66,8 отсто од домаќинствата во земјава лани пријавиле дека поседуваат автомобил [инфографик]

Заштита на животната средина преку борбата против климатските промени и загадувањето на воздухот во градовите во Македонија се спроведува, ама теоретски. Во пракса, податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека како никогаш досега во минатото, бројот на македонски домаќинства кои поседуваат патнички автомобил лани се искачил на 66,8 отсто. Спроведеното истражување на статистичарите покажува дека бројката на домаќинства кои...

Со такси се патува шест пати повеќе отколку со воз, иако е најеколошки транспорт [инфографик]

Поделбата на патници кај различните видови на превоз во меѓуградскиот и градскиот превоз во земјава покажува загрижувачки резултати од аспект на емисиите на стакленички гасови и учеството на транспортот во аерозагадувањето. Возот како најеколошко средство за масовен превоз на патници најмалку се користи, додека такси превозот било второто најкористено средство за јавен превоз лани во Македонија. Податоците на Државниот завод...

Увезени над 400.000 половни возила, најавената забрана не е на дневен ред [инфографик]

Сè уште не е донесена одлуката за менување на правилниците за увоз на половни возила, со која ќе се забрани увозот на возила со под ЕУРО 5 стандард на емисија на издувни гасови. Ова е одговорот што Мета.мк го доби од Министерството за економија и Владата на РСМ во однос на нашето прашање кога ќе се оствари најавената мерка...

Централната лабораторија за животна средина се акредитираше за пет нови методи

Централната лабораторија за животна средина на Министерството за животна средина се акредитираше за пет методи за испитување на отпадните води. Како што информираат од Министерството, акредитацијата на лабораторијата е проширена со сертификати за уште пет нови методи за мерење на параметри со кои се определува квалитетот на отпадните води за количество на амониум јони, сулфати, хлорид, вкупен фосфор и...

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...