fbpx

ЗНМ ги додели наградите на тема „Справување со загадувањето на воздухот“

-

Здружението на новинарите на Македонија денес ги додели наградите за најдобри новинарски содржини изработени на темата „Справување со загадувањето на воздухот -зајакнување на јавната свест за проблемите и можните решенија“.

Првата награда припадна на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) за истражувањето „Заговор против воздухот“ или како Македонија остана последната европска депонија“ во првата епизода од серијалот на редакцијата поради предизвиканата гледаност и рекации од страна на институциите.

Втората награда за најдобра новинарска сторија на дадената тема ја доби Бојан Шашески од МОФ за истражување кое се однесува на напуштениот рудник во Лојане кој не работи, но загадува околу себе. „Станува збор за новинарски перфектно изведено дело, по класични стандарди“, изјави новинарот и поранешен уредник на весникот „Вест“, Горан Михајлоски за статијата „Децата ни се жртви на арсенот“ – рударскиот локалитет „Лојане“ фатален за жителите од липковските села“ на новинарот Бојан Шашески.

Третото место го освои Христина Ѓорѓиевска од „Види вака“ за серијалот „Заробените бели дробови на градот“ во кој акцентот е ставен на бетонирање на јавното зеленило.

Дополнително, покрај трите награди,  благодарница доби Азрен Челику за креативнитата серија видеа, во кои како автор му пристапува на проблемот со аерозагадувањето преку најмладата популација, децата.

„Загадувањето во земјава е во тесна коорелација со корупцијата, во спрега со моќниците, а последиците ги трпиме сите. Ако ние новинарите сме гласот на јавноста за која работиме тогаш сум сигурен дека во следниот период многу посуштински ќе треба сите да се занимаваме со овие теми и на еден начин за во иднина да можеме да кажеме дека навистина влијаеме во општеството и им служиме на граѓаните на најдобар можен начин“, изјави претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Младен Чадикоски.

Покрај претставниците од ЗНМ и комисијата на доделувањето на наградите присуствуваа и амбасадорката на Шведска во државава, Кристин Форсин Бејнстон и постојан претставник на УНДП, Армен Григоријан.

„Пред неколку години Скопје, Тетово и Битола беа рангирани како најзагадените градови во светот, потребно е неодложно дејствување и итен приоритет за сите фактори и чинители во општеството аерозагадувањето може да се спречи и кпонтролира и тоа е најважната стратегија за одење во иднина. Шведска дава поддршка и помош за намалување на аерозагадувањето како во светот, така и во Македонија преку рамката за развојна соработка“, нагласи во своето обраќање шведската амбасадорка Бејнстон.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...