fbpx

Никој не го знае бројот на патници на поединечните меѓуградски линии

-

Министерството за транспорт и врски и Државниот завод за статистика не водат евиденција за бројот на патници на меѓуградските линии, пишува Порталб.мк.

Новинскиот сајт пред неколку месеци побарал податоци за бројот на превезени патници за секоја меѓуградска линија поединечно, но притоа открил дека Државниот завод за статистика (ДЗС) го има само вкупниот број патници од сите линии, но не и за секоја линија поединечно.

– Годишните податоци за 2018 година ќе бидат објавени во октомври годинава. Во однос на прашањето за тоа колку патници превезуваат конкретни компании, немаме такви податоци – гласи одговорот за Порталб.мк што го дала Мартина Митковска, раководителка на Сектор за меѓуградски превоз при ДЗС.

Евиденција за патниците во меѓуградскиот превоз не води ниту Министерството за транспорт и врски, иако ги распределува линиите за овој вид превоз.

„Ние не водиме евиденција за бројот на патници за поединечни линии. Компаниите поединечно водат статистика за бројот на патници за секоја линија. Треба да ги прашате нив. Тие треба да имаат информации за бројот на патници. Ние немаме ниту законска обврска, ниту ресурси за да водиме таква евиденција“, велат од Министерството за транспорт и врски.

Потребата за водење евиденција за бројот на патници за поединечни линии е поврзана со потребата за инвестирање од автопревозниците и автобуските станици, за да се зголеми квалитетот и ефикасноста на меѓуградскиот превоз, пишува Порталб.мк.

За утврдување на неправилности надлежен е Државниот инспекторат за транспорт, кој функционира со 15 инспектори за околу илјада автобуси во меѓуградскиот и меѓународниот превоз. Иако за десет години бројот на меѓуградските и меѓународните автобуси е зголемен, бројот на патници во меѓуградскиот превоз во текот на последните 7 години е намален.

Од друга страна, во овој вид превоз доминираат стари возила – така што на секој нов увезен автобус се увезуваат девет стари.

Случајот на несреќата кај Ласкарци, преоптовареноста, но и опожарувањето на автобусите, го активира алармот за тоа дека безбедноста на меѓуградскиот превоз е загрозена. За да се избегнат ваквите ситуации и да се зголеми безбедноста во сообраќајот, инженерите препорачуваат три измени во постапката за проверка на исправноста на автобусите, а превозниците препорачуваат казни за тие што вршат автобуски превоз, а истовремено се и сопственици на станици за техничка контрола.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...