Truth Hurts е број еден на „Билборд“ листата на најпопуларни 100 песни

Lizzo (Лизо) влегува во историјата како петта жена афроамериканка во историјата, која имала број еден песна на престижната „Билборд“ листа на најпопуларни 100 песни. Претходно тоа го имаат постигнато само Бејонсе, Ријана, Карди Б и Џанел Моне.

Она што е интересно во овој случај е дека незината песна Truth Hurts (Вистината Боли) која е моментално број еден на листата, е издадена пред повеќе од 2 години, но ја достигнува својата најголема популарност во последните неколку месеци.

Лизо ги освои симпатиите на светот со соите мотивирачки песни, својата харизма и со својата неизмерна самодоверба како девојка со облини. Откако песната го достигна првото место Лизо објави на својот инстаграм профил посвета кон своите фанови:

“Прво место сме. Ова е победа за сите нас. За сите оние кои некогаш почувствувале дека нивниот глас не е важен, за сите кои се чувствуваат не доволно добри. Епа, сите сме доволно добри. Ве сакам премногу“, напиша таа.

Лизо неодамна настапи и на VMA (Видео Музичките Награди) и доби одлични реакции од публиката, а настапи и на фестивалот Made in America каде на нејзиниот настап присуствувале и Џеј З и Бејонсе која играла и се забавувала на музиката на Лизо.