fbpx

Се возиме во полнолетни автобуси – просечната старост им е над 18 години

-

Автобусите и минибусите во кои возат нашите граѓани во земјава и во странство се со просечната старост од 18, 1 година, покажуваат статистиките од Државниот завод за статистика за 2017 година, последната година за која може да се пронајдат официјални податоци. Истовремено, бројката на регистрирани автобуси и минибуси била 3.200. Овие бројки многу малку се менуваат во последните 10 години, односно просечната старост во овој период е речиси иста и изнесува некаде околу 17,7 години.

Во таа „возраст“  – 18 години – е и автобусот на гостиварски „Дурмо Турс“ кој приквечерината на 13 февруари годинава излета од автопатот Скопје – Тетово кај селото Ласкарци и потоа се преврте, одземајќи 15 животи, а 30 беа повредени. На социјалните мрежи во деновите потоа се дискутираше дека автобусот бил многу стар и дека тоа била причината за несреќата. Додека се чека на соопштение за вистинската причина за несреќата од Обвинителството, фактите сепак говорат дека 18 години е просечната старост на возилата за групен превоз на патници.

Дека оваа бројка нема многу да се менува на подобро, односно дека речиси и нема да дојде до „подмладување“ на возниот парк на фирмите за превоз на патници зборуваат бројките за увозот на автобуси и минибуси во Македонија. Од вкупно увезени 10 автобуси и минибуси во јануари годинава, седум се стари, а три се нови, покажува статистиката на Царинската управа.

Иако станува збор за мали бројки, соодносот сепак отскокнува над она што го гледавме редовно речиси секој месец во изминатите девет години – на еден или ниеден нов автобус, во секој месец од 2018 во земјава се увезувани во просек по 15-16 користени автобуси. Сепак, засега таквиот сооднос засега не може да биде предвесник на тренд на подмладување од проста причина што бројките се многу мали и е изминат само еден месец од годинава.

Кога зборуваме за увозот, минатата година дури во осум месеци не бил увезен ниту еден нов автобус, во март бил увезен еден, a потоа по двомесечна пауза, дури во јуни се бележи нов ваков увоз – два автобуса и потоа повторно по два месеца „пауза“ увоз на еден автобус е регистриран во септември. Во октомври и ноември не е увезено ниту едно ново возило за групен превоз на патници, а потоа во декември се увезуваат дури три – бројка што се повторува и во следниот месец, односно во јануари годинава.

Накратко, целата 2018 година завршила со седум нови автобуси или минибуси и дури 208 стари. Притоа рекордните набавки за 2018 се во месеците октомври и во ноември, кога биле набавени 29 користени возила.

Многу нискиот увоз на нови автобуси и минибуси од оваа година се повторил и во 2018. Така, предминатата година во шест месеци не е регистрирана набавка, додека во пет месеци бил набавен по еден автобус или минибус, а отстапување е забележано само во јули, кога се увезени две нови возила за групен превоз.

Речиси идентично – еден или ниеден нов автобус месечно – е и во годините што претходат, односно од 2010 до 2016 година.

Годината 2010 донесува голема промена, поради либерализацијата на увозот на користени возила од странство, која настапи на 13 март. Благо почнува да се зголемува увозот на користени автобуси и минибуси, а тој веќе во 2011 година доживува бум.

„Акумулираната“ старост на автобусите во овој период, односно просекот од 18,1 година старост тешко дека ќе биде надмината и во неколку години, дури и ако навистина соодносот на увезени нови и стари автобуси дојде до 3 на 7, како што е сега.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...