fbpx

Проблеми со меѓуградските автобуси да се пријавуваат во Организацијата на потрошувачите

-

Граѓаните речиси воопшто не се жалат во Организацијата на потрошувачите (ОПМ) за проблеми во меѓуградскиот автобуски превоз, иако станува збор за честа појава за прекршување на правата на потрошувачите, пишува „Порталб“.

Бранко Костовски, одговорен за поплаките во врска со транспортот во ОПМ, вели дека во последните години немале многу поплаки за поголем број патници од дозволеното, а поплаките за меѓуградскиот автобуски превоз се главно за откажувања на патувања што не биле уредно најавени кај патниците што купиле билети. Тој вели и дека генерално земено потрошувачите многу малку ги познаваат своите права и постапките за барање заштита.

– Од праксата на нашата организација, произлегува дека мнозинството од потрошувачите се уште не си ги знаат своите права од одредени области, а ниту ја знаат постапката како да ги заштитат своите права. Најголем број од поплаките во однос на јавните услуги, се однесуваат на снабдување со вода, струја и топлинска енергија. Потрошувачите најчесто нè контактираат телефонски или преку електронска пошта, а по потреба кога се работи за сложени случаи, договараме и лични средби за советување – објаснува Костовски.

ОПМ има советодавна улога и како организација се грижи за интересите на потрошувачите, преку давање совети и запознавање со нивните законски права и ги упатува граѓаните до надлежниот орган – Државниот пазарен инспекторат, објаснувајќи им ја постапката низ која треба да поминат за да го остварат нивното право.

Поплаки за нарушување на правата на потрошувачите може да се испраќаат во ОПМ на адресите [email protected] и [email protected].

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...