fbpx

До почетокот на чии летни одмори мисли Хајндл да ја реши кризата?

-

Германскиот специјален пратеник, Јоханес Хајндл, денеска изјави дека договор за надминување на политичката криза мора да има што поскоро и тоа пред почетокот на летните одмори.

На почетокот на чии летни одмори мисли Хајндл, дали на почетокот на летната ваканција во земјите од Европската Унија или на таа во Македонија, е прашањето чиј одговор отприлика би можел да го дефинира датумот до кога потписниците на Договорот од Пржино имаат рок да ги надминат несогласувањата и да постигнат конечен договор за излез од кризата.

Во Македонија, перидот во кој почнува користењето на летните одмори е јули и трае до крајот на август, па дури и првата половина на септември, кога дел од вработените се одлучуваат да го искористат правото на годишен одмор.

Во Европа, пак, знаците „затворено“ на дуќаните, „не сум во канцеларија“ и намалената фреквенција по улиците, се резервирани за почетокот на август.

Сепак, ако се земат предвид летните ферии на македонските институции и одморите на нивните европски колеги, тие во најголем дел се совпаѓаат.

Европските летни одмори почнуваат во август. Од почетокот на август па сè до 20 истиот месец, македонското собрание е празно, односно пратениците заминуваат на летен одмор.

За членовите на Владата нема некој период кога сите колективно го користат летниот одмор. Сепак од 5 до 15 август Владата не одржува седници, па најголем дел од нејзините членови во тие десетина дена одат на летен одмор.

Судската ферија, пак, вообичаено почнува на 15 јули и трае до 15 август.

Минатата година Договорот од Пржино, кој првично беше потпишан на 2 јуни, беше финализиран на 15 јули, по што главните актери заминаат на годишен одмор.

Најголемо внимание во јавноста предизвика одморот на тогашниот премиер Никола Груевски, која на плажа во Израел беше фотографиран како носи очила за сонце, кои, како што пренесоа медиумите, се од брендот „мајбах“ и чинат околу 60.000 долари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сиљановска со двојна предност пред Пендаровски, ВМРО-ДПМНЕ со тројна предност пред СДСМ

Од обработените 50 отсто од резултатите на вториот круг претседателски избори и од парламентарните избори, може да се заклучи дека досегашната владејачка СДСМ доживува катастрофален пораз. Кандидатката за претседател поддржана...