fbpx

Проверка на факти

Големата кашлица не е виртуелна, исто како што не е виртуелен и ковид-19

Наспроти тврдењето во објавата, пертусисот постои и не е измилен. Според последните информации (22.03.2024) говорат дека бројот на заболени од голема кашлица достигна до 251 случај во државата. Извештајот на Институтот за јавно здравје, покажува дека најмногу заразени има во Скопје, дури 88 отсто од заболените. Не е...

Фотографија од човек во воз не го прикажува Пригожин, ниту пак, докажува дека тој е жив

Иако човекот на фотографијата наликува на шефот на Вагнер, сепак на фотографијата има детаљ кој покажува дека не се работи за него. Како што пишува Њузвик, ушите на Пригожин се поинакви отколку тие на личноста на фотографијата. Исто така, ако веруваме дека Пригожин е уште жив,...

Фотографија од Макрон е креирана со вештачка интелигенција

Ако внимателно ја набљудувате фотографијата на Емануел Макрон, забележливо е дека е создадена од вештачка интелигенција. На пример, претседателот на Франција има неприродно долги прсти на десната рака, а исто така неприродно изгледа и зглобот на левата рака. Покрај тоа, принтот на неколку места од...

Со манипулативни изменети видеа се исмеваат францускиот и украинскиот претседател

Првото видео наводно го прикажува Макрон меѓу млади посетители во ноќни клубови кои танцуваат во стилот на 80-тите години. Станува збор за манипулирана верзија на клип на кој се прикажани луѓе како танцуваат, кои биле дигитално изменети за да го вклучат лицето на францускиот...

Контраспин: Силјановска не ги седна пензионерите во ложата на „Мапет шоу“

Контекстот во кој претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ ја кажа репликата за „Мапет Шоу“, беше сосема поинаков од оној што го претстави СДСМ. Самата реплика воопшто не се однесуваше на пензионерите, туку на влијателни, квалитетни луѓе надвор од партиските табори – аналитичари, експерти, колумнисти… Токму...

Оживува пропагандата за непостоечка продажба на органи од украински војници

Проверувачи на факти од Украина веќе пишуваат дека ова видео претставува дел од руската пропаганда. Центарот за борба против дезинформации објавува на Фејсбук дека станува збор за невистина. Во Украина е особено забрането да се земаат органи од починати лица кои припаѓаат на категоријата...

Антиваксерска објава дезинформира дека „бескрајна е бројката на трајно оштетените деца“ од вакцините

Против укинување на задолжителна вакцинација се произнесе и Уставниот суд кој во 2014 година расправаше по иницијатива во која се бараше укинување на задолжителната вакцинација. Судот оцени дека со редовната вакцинација не се штити само лицето кое се вакцинира, туку се создава и колективен имунитет...

Контраспин: Нема силни аргументи дека СДСМ има најголем коалициски потенцијал

Децидната изјава на Ковачевски дека СДСМ има најголем коалициски потенцијал нема силни аргументи за да биде потврдена како факт. Историјатот на создадени и растурени коалиции од 2016/17 до сега што ги направи СДСМ за да обезбеди мнозинство во Собранието, големите отстапки што ги направи...

Измислен доктор рекламира нерегистриран лек за чистење на крвни садови

Ликот на докторот кој се споменува во текстот споделен во објавата е целосно измислен. Ова е типична онлајн измама која неетички го користи страдањето на луѓето кои имаат здравствени проблеми за да купат наводен лек и да потрошат еден куп пари, без притоа вистински...

Мета факт: Нема комунални полицајци во општините, а законот не е готов и по четири години

Воведувањето на комунална полиција во општините, која ќе се грижи за локалниот комунален ред, чистота и зачувување на животната средина, останува ветување кое нема да биде исполнето во мандатот на оваа Влада. Иако оваа нова служба беше предвидена во Програмата на Владата 2020-2024 во...

Со старо видео се манипулира дека повторно има хаос пред шалтерите за лични документи во Скопје

Во манипулативна објава се пласира старо видео снимено пред два месеца од турканиците во зградата на МРТ, притоа се тврди дека ова се случува сега откако Владата наводно укинала одлука на министерот за внатрешни работи. Всушност, станува збор за поништување на одлука за прераспределба...

Забраната за невакцинирани деца во градинките нема никаква врска со Клаус Шваб

Забраната за прием на невакцинирани деца во градинките нема никаква врска со основачот на Светскиот економски форум, ниту, пак, тој има агенда за депопулација. Ваквите тврдења се дел од поголема антиваксерска кампања чијашто цел е да се убедат родителите да не си ги вакцинираат...

Лапсус злоупотребен за теорија на заговор и наводен „таен состанок на илуминатите“

Делот од видеото кој се шири на социјалните мрежи е веродостоен, но е изваден од контекст и е манипулативно претставен. Спорната реченица која ја изговара Хабард е достапна на снимката на Јутјуб и навистина се слуша дека публицистката кажала „бебињата што ги јадеме“. Сепак, врз...

Докторите кои апелираат за вакцинација не се „убијци во бели мантили“

Објавата шири теорија на заговор, ги жигосува докторите кои апелираат да се спроведе задолжителната имунизација, нарекувајќи ги „убијци во бели мантили“, „платеници на фармакомафијата“ и со заканувачки тон тврди дека „ќе им се суди за геноцид“. Наспроти ваквите напади врз докторите, вакцинацијата на децата...

Државата не ги труе луѓето со вакцини, туку ги спасува од зараза

Објавата што ја анализираме неосновано, произволно и без никакви медицински докази и факти тврди дека вакцините биле отров и дека државата сакала да ги труе нејзините граѓани. Докази за ова не се понудени, за разлика од доказите и фактите кои говорат дека вакцините се...

Антиваксерска објава големата кашлица и вакцините и ги поврзува со прскање од авиони

Во објавата се тврди дека секој којшто ќе ја прими вакцината против пертусис ќе го добие вирусот, како што наводно било случајот и со коронавирусот. Целта на ваквите антиваксерски тврдења е неосновано да се заплашува населението и да избегнува вакцини, иако тие го заштитуваат...

Не е точно дека ковид пандемијата била планирана со децении

Тврдењето во објавата дека „таканаречената пандемија била планирана и координирана со децении наназад“, не се темели на факти. Она што беше координирано беше одговорот на пандемијата, односно во повеќе држави беа слични преземените мерки за заштита на населението кои вклучуваа и карантини и носење...

Задолжителната вакцинација и инспекциските контроли во градинките се поради епидемијата на голема кашлица

Програмата за задолжителна имунизација не е поврзана со Клаус Шваб, ниту пак, со Светскиот економски форум. Парите за вакцините за задолжителната имунизација се обезбедуваат од буџетот на државата. Вакцинацијата е задолжителна затоа тоа што спречува ширење на епидемии ако вакциналниот опфат е над 95...

Судот во Германија воопшто не расправал дали вирусот на мали сипаници постои

Судот во Германија не одлучувал за тоа дали вирусот на сипаници постои или не постои, туку одлучувал во граѓански спор за ветено плаќање меѓу две лица во врска со ветена награда. Исто така, не е вистина дека „секој месец пуштаат вирус“. Со таквата реченична...

Контраспин: ВМРО-ДПМНЕ нема причина за славење поради „црната листа“ за Јанева, таа беше и нивен предлог и нивен избор

ВМРО-ДПМНЕ нема никаква причина со спин да слави дека Американците ги ставиле Катица Јанева и Стевче Јакимовски на „црната листа“. Посебно за Јанева, која за подзаборавените, е избрана со заедничка одлука на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, на предлог на ВМРО-ДПМНЕ. Ако веќе се радуваат...