fbpx

Измислен доктор рекламира нерегистриран лек за чистење на крвни садови

Ова е типична онлајн измама која неетички го користи страдањето на луѓето кои имаат здравствени проблеми за да купат наводен лек и да потрошат еден куп пари, без притоа вистински да ја добијат помошта која им е неопходна. За измамата да биде уште поверодостојна под текстот има коментари со измислени имиња од граѓани кои наводно се излекувале

-

Ликот на докторот кој се споменува во текстот споделен во објавата е целосно измислен. Ова е типична онлајн измама која неетички го користи страдањето на луѓето кои имаат здравствени проблеми за да купат наводен лек и да потрошат еден куп пари, без притоа вистински да ја добијат помошта која им е неопходна. За да биде измамата уште поверодостојна под текстот има коментари со измислени имиња од граѓани кои наводно се излекувале од многу болести токму поради „чудесниот“ чај кој се продава. Воедно под текстот се нуди и наградна игра за освојување на попуст. Но, се разбира и тоа е измама, пишува Вистиномер. 

Текстот го пренесуваме во целост:

 

 

На две различни објави на социјалната мрежа Фејсбук (тука и тука) се рекламира наводен лек кој ги чисти крвните садови за кратко време. Оваа објава е уште една од низата на наводни медицински чудотворни рецепти коишто не се вистинити.

Уникатен начин за чистење на крвните садови, пишува во објавите.

Во рамките на објавите споделен е напис на кој се рекламира чудотворен лек којшто наводно за брзо време ги чисти крвните садови. На едната објава е прикачена фотографија на која се гледа калинка и на самата фотографија пишува:

Докторите на Македонија се во паника! Пронајден е лек кој ги чисти крвните садови за 1 ноќ!

На другата објава  има поинакв фотографиа, прикажана е чаша со некоја мешавин, а на фотографијата пишува:

Големо откритие!!! Лекот го нормализира крвниот проитисок и се одржува на 120/80. тоа ќе поѕрае само 5 дена…

Доколку се следи линкот во двете објави се отвора идентичен текст  во рамките на кој е прикажана фотографија од едно лице за кое се тврди дека е лекар. Лицето е претставено како Димитрије Стефановиќ, за кој се вели дека е познатиот српски кардиолог, изумител, професор, академик на УАС и МАНУ (?!), кој има 97 години и го препорачува чајот. Се плете цела приказна со измислено интервју, дека чајот што се нуди лекува седум болести за седум недели.

Ваков доктор не постои! Ликот на овој доктор во текстот е целосно измислен.

Не постои Димитрије Стефановиќ којшто е кардиолог, но и истовремено академик од Србија. Во Србија, во нивната Академија на науки и уметности, чија скратеница е САНУ, а не МАНУ како што пишува во текстот, има академик со вакво име и презиме, но тој бил музиколог и бил дел од музиколошкиот институт, не е доктор. Вистинскиот Стефановиќ починал во 2020 година. Исто така,  и фотографијата прикачена на текстот нема никаква поврзаност со вистинскиот Стефановиќ. Истата оваа фотографија од наводниот доктор може да се најде во повеќе други текстови со различно име и презиме во зависност од тоа на кој јазик е објавен текстот. Па така, за сличен текст објавен на англиски јазик докторот е претставен како Итан Вокер, а на текст на руски јазик се тврди дека е Рустам Каримов.

Во написот меѓу другото пишува дека:

За само 7 недели чајот ги регенерира крвните садови, така што притисокот ќе ви биде 120/80 наредните 5 години.

Но, сето ова е типична онлајн измама.

На страницата на македонски јазик, лекот се вика „Хипертеа“. Во текстот се тврди дека тој помага при чистење на крвните садови, а некои од многуте придобивки кои му се припишуваат се и регулирање на крвниот притисок и подобрување на општата здравствена состојба. Но, ова не е лек. Не е официјален, ниту е одобрен од релевантни институции, ниту може да се најде на официјалниот регистар на лекови на Министерството за здравство, ниту во аптеките.

Овој чај, всушност, е суплемент (додаток) за чија што ефикасност нема ниту официјални истражувања, ниту какви било докази. Нема податоци ниту за неговиот состав, ниту конкретни податоци за производителот. Во текстот е изнесена невистина во однос на истражувања поврзани со лекот, кои што имаат за цел да звучат вистинито, но не се. Освен тоа текстот изобилува со јазични и граматички грешки, најверојатно затоа што е направен автоматски превод на веќе постоечки текст на друг јазик.

Ова е типична онлајн измама која неетички го користи страдањето на луѓето кои имаат здравствени проблеми, со цел да ги намамат да купат наводен лек и да потрошат еден куп пари. Притоа се користи непостоечки лекар со лажен идентитет, кој е создаден да прикаже лажна реалност за да ги измами луѓето и да ги навлече да потрошат пари без притоа тие вистински да ја добијат помошта која им е неопходна.

За да биде измамата уште поверодостојна под текстот има коментари со измислени имиња од граѓани кои наводно се излекувале од многу болести токму поради „чудесниот“ чај кој се продава. Воедно под текстот се нуди и наградна игра за освојување на попуст. Но, се разбира и тоа е измама.

Како корисници на онлајн содржини, од клучно значење е да бидете свесни за тактиките што ги користат оние што сакаат да шират лажни или погрешни информации, односно оние коишто сакаат да ја манипулираат јавноста за да постигнат некаква цел. Дезинформациите може да имаат сериозни последици, да наведат поединци да се откажат од докажаните медицински третмани во корист на недокажаните лекови, а со тоа потенцијално да ја влошат нивната состојба или да ја одложат соодветната нега.

Со овие постови во кои се прикажани непостоечки лекари со лажен идентитет, или се злоупотребени фотографии од кардиолози, измамниците се обидуваат да ги намамат луѓето да веруваат дека купуваат чудотворни лекови.

Поради изнесените факти овој пост го оценуваме како невистина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...