fbpx
Таг: лажни лекови

таг: лажни лекови

Измислен доктор рекламира нерегистриран лек за чистење на крвни садови

Ликот на докторот кој се споменува во текстот споделен во објавата е целосно измислен. Ова е типична онлајн измама која неетички го користи страдањето на луѓето кои имаат здравствени проблеми за да купат наводен лек и да потрошат еден куп пари, без притоа вистински да ја добијат помошта која им е неопходна. За да биде измамата уште поверодостојна под...

Со злоупотребени фотографии и измислени лекари се рекламира чај што „лекува“ седум болести

На фотографијата којашто се споделува во постот, е познатиот кардиохирург, научник, претседател на  Бакулев медицински истражувачки центар за кардиоваскуларна хирургија во Москва, Лео Антонович Бокерија. Неговата фотографија е злоупотребена при што тој е претставен како извесен Леонард Сараци. Во текстот, пак, споделен во постот, има слика од друг лекар претставен како Ристо Новаковски, за кој се вели дека е...

Раствор од јод и аналгин не е волшебен лек за „безнадежни случаи на нозе“

За „волшебениот рецепт“ што се споделува во постот, фармацевтите стручно појаснуваат дека не може да има лековито дејство. За секоја од наведените дијагнози – радикулитис, артритис, артроза, остеохондроза и сè што е поврзано со мускулите, зглобовите и коскеното ткиво, е потребна лекарска консултација и соодветна терапија, којашто не е иста, туку различна кај различни болести и состојби. Наведените болести...

Професорот Пановски не рекламира никаков лек против паразити

Не е првпат на социјалните мрежи да се појавуваат лажни реклами за одредени препарати кои ги нудат измислени лекари или се злоупотребуваат имињата на еминентни доктори. Овојпат на мета е познатиот македонски епидемиолог д-р Пановски кој очигледно нема никаква врска со рекламирањето на некаков лек против паразити. Тој самиот досега во неколку наврати реагираше на Фејсбук дека неговото име...

Вистиномер: Лажни доктори препорачуваат апчиња за слабеење на интернет

Во рекламата која ја рецензираме, туѓа фотографија од лекар кој не е специјалист ендокринолог, е злоупотребена за лажно да се промовира диететски суплемент. Дополнително забележуваме дека не постои ниту фирма, ниту земја на потекло, ниту адреса на фирма од каде се нарачува производот, туку нарачката се врши преку интернет формулар, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...