fbpx

Фотографија од Макрон е креирана со вештачка интелигенција

Претседателот на Франција има неприродно долги прсти на десната рака, а исто така неприродно изгледа и зглобот на левата рака. Покрај тоа, принтот на неколку места од пижамите не може јасно да се види

-

Ако внимателно ја набљудувате фотографијата на Емануел Макрон, забележливо е дека е создадена од вештачка интелигенција. На пример, претседателот на Франција има неприродно долги прсти на десната рака, а исто така неприродно изгледа и зглобот на левата рака. Покрај тоа, принтот на неколку места од пижамите не може јасно да се види, пишува Вистиномер. 

Текстот го пренесуваме во целост:

 

Анализираме објава на Фејсбук во која е споделена фотографија од францускиот претседател Емануел Макрон облечен во розови пижами.

Само овој да не дојде за време на кампањава за Претседател. И жена ќе биде, стои во објавата.

Идентична фотографија објави и англиското издание на руското издание Правда. На виралната фотографија Емануел Макрон е облечен во розови пижами и седи на кревет. Некои корисници на Фејсбук ја доживуваат фотографијата како вистинска, што е видливо и од дел од коментарите под самата објава.

Но, фотографијата со францускиот претседател е генерирана од вештачката интелигенција.

Таа првпат беше објавена на веб-страницата на еден забавен сајт пред девет месеци, а покрај Макрон и други светски лидери носат розови пижами, пишува сајтот за проверка на фактите Митдетектор.

На 18 јуни 2023 година, еден од корисниците на забавната страница Редит објави фотографии од светски лидери обработени од вештачка интелигенција, сите, вклучувајќи го и Емануел Макрон, облечени во розови пижами ( архивирано овде).

Фотографиите, како што пишува Митдетектор, се генерирани со помош на програмата Midjourney. Официјалниот канал MidJourney, исто така, објавува фотографии на Редит, ставајќи ја објавата во категоријата „Шеги/Мемиња“.

Ако внимателно ја набљудувате фотографијата на Макрон, забележливо е дека таа е создадена од вештачка интелигенција. На пример, претседателот на Франција има неприродно долги прсти на десната рака, а исто така неприродно изгледа и зглобот на левата рака. Покрај тоа, принтот на неколку места од пижамите не може јасно да се види.

Фото: Митдетектор

Треба да се напомене дека дискредитирачките постови за Емануел Макрон зачестија откако тој не ја отфрли можноста доколку биде потребно да испрати француска војска во Украина.

Па имајќи дека фотографијата од Макрон е создадена со вештачка интелигенција, а се споделува како да е вистинска, објавата што ја анализираме ја оценуваме како неточна.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...