fbpx
Свет Балкан Страница 206

Балкан

Дајселблум: До утре чекаме предлог од Грција

Европските министри за финансии до утре изутрина чекаат нов официјален грчки предлог во пишана форма. Првиот човек на Еврогрупата, Јерун Дајселблум, по завршувањето на денешниот речиси тричасовен состанок на министрите за финансии, најави дека утре ќе има нова телеконференција на Еврогрупата, на која ќе...

Целосен грчки предлог, утре?

Грција, според неофицијални информации, денеска не поднела нови предлози до кредиторите. Грчките медиуми се повикуваат на владини извори и пренесуваат дека на преговарачката маса на Еврогрупата, Грција ги поднела предлозите на премиерот Алексис Ципрас од минатата недела, кои во тој момент воопшто не беа...

Ципрас може да побара нов заем и привремена покуса програма

Грчките и италијанските медиуми јавуваат дека премиерот Алексис Ципрас ќе побара еден почетен заем, како што го именуваат „заем-мост“, за да се надминат моменталните критични проблеми во Грција. Според информациите на дел од грчките медиуми и на италијанската новинска агенција АНСА, Ципрас од европските лидери ќе...

Четири земјотреси во Црна Гора во последните 24 часа

Нов земјотрес со јачина од три степени според Рихтеровата скала денеска околу 11 часот ја погоди Црна Гора, што претставува четврти земјотрес во последните 24 часа. Епицентарот на земјотресот бил на 13 километри југоисточно од Подгорица, каде беа епицентрите и на претходните три земјотреси, соопшти...

Хан: Грција треба да се задржи во еврозоната

Еврокомесарот за соседска политика и за проширување, Јоханес Хан, изјави дека Грција треба да се задржи во еврозоната и е уверен оти ќе биде направено сè за тоа да биде така. Хан, во интервју за австриската државна телевизија ОРФ, истакнал дека сега е важно грчкиот...

ЕЦБ ја продолжи финансиската помош за Грција под построги услови

Грција доби зелено светло од Европската централна банка за продолжување на итната помош за ликвидност, но по повисока цена. ЕЦБ одлучи да ја продолжи програмата во исти рамки, но ги скрати колатералните гаранции, кои се користат за ликвидноста на банките. Според аналитичарите, тоа значи дека...

Грција во исчекување на бриселска пресуда

Нов пакет мерки и реформи или излез од еврозоната? Грчкиот тим, предводен од премиерот Алексис Ципрас и од министерот за финансии Евклидис Цакалотос, од денеска почнува нова битка за договор со поповолни услови за грчкиот народ, кој паралелно и ќе го осигури останувањето на...

Зиберт: Нема основа за нови преговори со Грција

Нема основа за влез во преговори за нова програма за помош на Грција, изјави Штефан Зиберт, портпаролот на германската канцеларка Ангела Меркел. Зиберт истакна дека од Грција зависи дали сака да остане во еврозоната, додавајќи дека Берлин чека да види во која насока ќе тргне...

Грчката лидерска средба заврши со заедничка декларација за поддршка на Ципрас

Маратонската средба на грчкиот премиер и на лидерите на сите грчки политички партии доведе до заедничка декларација која ѝ дава поддршка на грчката влада да настапи со нов предлог пред кредиторите. Декларацијата се очекува за кратко време да ја објават од премиерскиот кабинет, заедно со...

Путин бара разговор со Ципрас

Ненадејното пристигнување на министерот за енергија, Панајотис Лафазанис, во претседателската палата и среде лидерската средба, разгоре информации дека рускиот претседател Владимир Путин бара директна линија со Ципрас. Според информациите, се очекува Ципрас за кратко, во текот на паузата од лидерската средба, да разговара со Путин. Неофицијално, Ципрас...

Ципрас на линија со Оланд и со Драги

Во Атина сè уште е во тек средбата на грчкиот премиер Алексис Ципрас со лидерите на сите претставници на грчките политички партии и со претседателот Прокопис Павлопулос. Средбата трае повеќе од три часа. Пред малку имаше куса пауза поради одлуката на Ципрас и на...

„Ројтерс“: ЕЦБ ќе ја продолжи помошта за Грција

Грција сè уште е во исчекување на одлука од Европската централна банка за продолжување на финансиската помош преку механизмот за итна помош за ликвидност на грчките банки. Агенцијата „Ројтерс“ влеа мала надеж во Грција со информацијата дека ЕЦБ, најверојатно, нема да  ја секне помошта...

Пад на еврото во однос на доларот

Еврото падна за повеќе од еден отсто во однос на доларот, а и европските акции и берзите навестуваат остар пад во текот на денот. Неименувани извори од Европската централна банка, за новинската агенција „Ројтерс“ велат дека ЕЦБ најверојатно ќе го задржи досегашното ниво на ограничувања...

„Финанце“: Поранешна Европска Република Грција

Светските весници денеска насловните страници ги посветија на референдумот на Грција и на продлабочувањето на јазот меѓу официјална Атина и Европа. Меѓу најинтересните се на словенечкиот весник „Финанце“, кој во стилот на привременото име на Македонија во ОН, ја нарече Грција ФЕРОГ (Former European Republic...

Ципрас во трка со времето за нов договор

Грчката влада ја почнува динамично трката за постигнување договор по завршувањето на грчкиот референдум. По оставката на Јанис Варуфакис и неговата тактичка смена од позицијата министер за финансии, во моментов во претседателската палата заседава Националниот совет на политички лидери, а ќе се разговара за преговарачките...

Варуфакис поднесе оставка

Продолжува бранот драматични промени по грчкиот референдум. Министерот за финансии, Јанис Варуфакис, рано изутринава си даде оставка. Преку текст на личниот блог со наслов „Minister no more“, Варуфакис најави дека се повлекува од втората најтешка позиција во државата. Според неговата изјава, најверојатно се работи за одлука...

Ципрас бара да се свика Националниот совет на политички лидери

Грчкиот премиер Алексис Ципрас уште вечерва ќе побара од грчкиот претседател утре рано да се свика Советот на лидерите на политичките партии. Ципрас со воздржан тон истакна дека нема победници или губитници на референдумот и дека тој сам по себе е победа за државата. Најави...

Самарас си поднесе оставка

Лидерот на грчката опозициска Нова демократија, Андонис Самарас, си поднесе оставка по силното „не“ на грчкиот народ против европските мерки. Самарас побара од премиерот Ципрас во рок од 48 часа да донесе договор за грчкиот народ за да се смири општеството и да се стави...

Варуфакис: Ќе пружиме рака за соработка со кредиторите

Грчкиот министер Јанис Варуфакис со остра реторика и со критика кон кредиторите најави дека од утре ќе разговараат со сите за да се најде заеднички јазик. Тој истакна дека ќе бараат и ќе се отворат кон соработка со кредиторите и ќе гледаат позитивно на последниот извештај...

Ципрас ги договара следните чекори, Грците слават на Синтагма

Поддржувачите на политиката на СИРИЗА гласно слават на плоштадот Синтагма, a грчката влада заседава и веќе контактира со европските лидери. Според информациите, премиерот Алексис Ципрас веќе разговарал со канцеларката Ангела Меркел во врска со нејзината утрешна средба со францускиот претседател Франсоа Оланд околу грчката ситуација....

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...