fbpx

Хан: Грција треба да се задржи во еврозоната

-

Еврокомесарот за соседска политика и за проширување, Јоханес Хан, изјави дека Грција треба да се задржи во еврозоната и е уверен оти ќе биде направено сè за тоа да биде така.

Хан, во интервју за австриската државна телевизија ОРФ, истакнал дека сега е важно грчкиот премиер Алексис Ципрас да достави квалитетен предлог до партнерите.

Хан истакна дека преговорите меѓу Грција и другите 18 партнери од еврозоната стануваат комплицирани затоа што во „последните денови многу порцелан е скршен“ и потсети дека за некои договори, во одредени земји мораат да добијат поддршка од парламентот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...