fbpx

Ципрас на линија со Оланд и со Драги

-

Во Атина сè уште е во тек средбата на грчкиот премиер Алексис Ципрас со лидерите на сите претставници на грчките политички партии и со претседателот Прокопис Павлопулос. Средбата трае повеќе од три часа. Пред малку имаше куса пауза поради одлуката на Ципрас и на Павлопулос да разговараат со францускиот претседател Франсоа Оланд, втор телефонски разговор меѓу грчката страна и Оланд по вчерашниот референдум, а пред неговата средба со канцеларката Ангела Меркел. Покрај разговорот со Оланд, се слуша дека Ципрас веќе разговарал и со првиот човек на Европската централна банка, Марио Драги, кој денеска одлучува за продолжување на итната помош за ликвидност.

Неофицијалните информации што кружат се дека целта на средбата е сите политички лидери да се договорат и да најдат заедничкa позиција околу тоа што Грција би можела да прифати и да бара од европските институции.

Телевизијата „Мега“ пренесува дека се дискутираат предлогот на првиот човек на Комисијата, Жан-Клод Јункер, и последните предлози на Ципрас за договор во висина од осум милијарди евра, кои даваат мали промени за подобрување на идеите на Јункер. Идејата е да се добие некаква комбинација од европските мерки и од грчките предлози која би била прифатлива за сите политички партии во Грција, така што Ципрас би добил нова преговарачка муниција и би можел да оди во Брисел со посилна позиција зад која стојат обединети грчките политички сили.

Според „Мега“, се коментира дека на маса се клучни прашања како реструктуирање на долгот, силен инвестициски пакет, можност за потенцијално одложување на датумите за спроведување на реформит за нивно олеснување, како и прашањето да се намалат барањата за намалување плати и пензии.

Целиот овој обид, жртвувањето на министерот за финансии, Јанис Варуфакис, и телефонските разговори, се смета дека се за Грција да изгради нова доверба со европските институции, да се врати нејзиниот кредибилитет и да се прати силна порака дека грчката влада сака да постигне заеднички прифатлив договор. Брзањето за ваков договор се должи на фактот што е потребна итно нова финансиска инфузија на грчките банки, односно враќање на нивната ликвидност, која зависи целосно од договор со европските институции, договор кој би ѝ дал одврзани раце на ЕЦБ да продолжи со помош за Грција и за грчкиот банкарски систем.
Од средбата се очекува и името на новиот министер за финансии. Засега за главен кандидат се слуша името на преговарачот што привремено го замени Варуфакис, заменик-министерот за надворешни работи и за меѓународни економски прашања, Евклидис Цакалотос, кој важи за покредибилен преговарач со европска ориентација и кој изминатиот период, според неофицијани информции, заедно со група министри, вршеше притисок на Ципрас да се прифати пакетот на Јункер за Грција да не се впушти во ризична игра со нејзиното останување во еврозоната.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...