fbpx

Ципрас ги договара следните чекори, Грците слават на Синтагма

-

Поддржувачите на политиката на СИРИЗА гласно слават на плоштадот Синтагма, a грчката влада заседава и веќе контактира со европските лидери. Според информациите, премиерот Алексис Ципрас веќе разговарал со канцеларката Ангела Меркел во врска со нејзината утрешна средба со францускиот претседател Франсоа Оланд околу грчката ситуација. Се очекува Ципрас да разговара и со другите европски лидери во текот на вечерта за да ги договори следните чекори за потенцијално постигнување договор.

На 55 отсто пребројани гласови од референдумот, останува големата разлика меѓу гласовите за и против мерките. „Не“ гласале 61,3 отсто од гласачите, а „за“ – 38,7 отсто. Како што се пребројуваат гласовите, сè повеќе се зголемува разликата меѓу гласовите за и против мерките за штедење. Поддржувачите на СИРИЗА и гласачите што беа против мерките еуфорично и во голем број слават на Синтагма, задоволни што народот конечно покажал дека сака независност и крај на обидите да биде прегазен од европските кредитори и од рецесивните мерки.

Засега сè уште е нејасно што ќе се случува утре и кои ќе бидат конкретните чекори. Владиниот потпарол Гаврил Сакеларидис најави дека владата ќе работи во насока што побргу да се постигне договор.

Претставниците на СИРИЗА се задоволни од резултатите и коментираат дека со овој чекор грчкиот народ покажал дека во Грција победува демократијата. Министерот за енергија, Панајотис Лафазанис, го оцени изненадувачки големиот процент на гласови против мерките, нарекувајќи го политички земјотрес.

Од Нова демократија, пак, изненадени од резултатите, воздржано велат дека очекуваат владата да си стои на ветеното и во рок од 48 часа да донесе одржлив договор за Грција. Засега нема официјална реакција од опозициската партија, туку неочекуван пресврт. Подмладокот на партијата излезе со изјава дека референдумот покажува дека грчката младина врти нова страна и грб на старата политика, индиректно барајќи оставка од лидерот на партијата, Адонис Самарас.

– Постојниот политички систем треба да ја разбере оваа порака и да си замине – истакнаа од подмладокот на партијата и апелираа дека народот обединет треба да направи сè за да се постигне договор за државата да остане во европското семејство.

Слично барање вчера до Самарас упатила и неговата долгогодишна ривалка и сопартијка, Дора Бакојани. Според информациите, Бакојани побарала од Самарас да си даде оставка за да помогне да преовладаат гласовите за мерките, барање кое веднаш било одбиено.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Горел дом за стари лица во струмичко Банско, нема повредени

Пожар го зафатил домот за стари лица во селото Банско, синоќа околу полноќ, информира регионалниот Центар за управување со кризи од Струмица. Во гаснењето на пожарот интервенирале седум пожарникари...