fbpx

Ципрас бара да се свика Националниот совет на политички лидери

-

Грчкиот премиер Алексис Ципрас уште вечерва ќе побара од грчкиот претседател утре рано да се свика Советот на лидерите на политичките партии. Ципрас со воздржан тон истакна дека нема победници или губитници на референдумот и дека тој сам по себе е победа за државата.

Најави дека уште од утре ќе седнат на преговарачката маса со европските кредитори за да се најде решение за ликвидноста на банките и за грчкиот долг. Истакна дека е свесен дека гласовите од референдумот не се наредба за излез од еврозоната и од Европска унија, туку наредба да се интензивираат и да се засилат преговачките сили за да се постигне одржлив договор.

– Не постојат лесни решенија, туку праведни и одржливи, доволно е и двете страни да го сакаат тоа – истакна Ципрас.

Премиерот побара народот да остане обединет и смирен во моментов за да се надминат тешкотиите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.