fbpx

Четири земјотреси во Црна Гора во последните 24 часа

-

Нов земјотрес со јачина од три степени според Рихтеровата скала денеска околу 11 часот ја погоди Црна Гора, што претставува четврти земјотрес во последните 24 часа.

Епицентарот на земјотресот бил на 13 километри југоисточно од Подгорица, каде беа епицентрите и на претходните три земјотреси, соопшти Сеизмолошкиот завод на Црна Гора.

Сите потреси биле со помала јачина, до 3,9 степени според Рихтеровата скала, и не предизвикале материјална штета.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...