fbpx

Најстариот маж на светот почина на 112 години

-

На 112-годишна возраст, денеска почина Јапонецот Сакари Момои, најстариот маж на светот. Веста ја соопшти претставник на градот Саитам, каде што живеел Момои.

Момои починал во недела вечерта, во дом за стари лица, откако му откажале бубрезите.

Овој поранешен професор во средно училиште, бил роден на 5 февруари 1903 година во Минамисом, во реонот на Фукушима.

Тој беше прогласен за најстар маж во светот во 2014 година и во текот на церемонијата што тогаш ја организираше Гинисовата книга на рекорди, изјави дека сака да живее уште две години.

Најстар маж во светот сега е Јапонецот Јасутаро Коиде, кој, исто така, има 112 години, додека најстарата личност на светот е Американката Сузана Мушат Џонс, родена на 6 јули 1899 година, која сега има 116 години. 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

АНАЛИЗА: Капиталните инвестиции во првиот „предизборен“ квартал на ниво од 14,5 отсто – дел од ресорите со 0 реализација

Министерства кои располагаат со буџети за капитални расходи што се бројат во стотици милиони евра, во првиот предизборен квартал од годинава испорачале лазечки стапки на реализација, пишува Порталб.мк. Новите...