fbpx

Дајселблум: До утре чекаме предлог од Грција

-

Европските министри за финансии до утре изутрина чекаат нов официјален грчки предлог во пишана форма. Првиот човек на Еврогрупата, Јерун Дајселблум, по завршувањето на денешниот речиси тричасовен состанок на министрите за финансии, најави дека утре ќе има нова телеконференција на Еврогрупата, на која ќе се разгледа грчкиот предлог. Потоа ќе биде потребен уште еден состанок на Еврогрупата за да се разгледа и потенцијано да се одобри можноста за ново почнување на преговорите. Како што посочи Дајселблум, официјалниот грчки предлог ќе го имаат можеби и во следните неколку часа.

Дајселблум истакна дека Грција ќе испрати ново барање за помош од Европскиот механизам за спас, но додаде дека за да има зелено светло за ова барање, потребни се нови конструктивни предлози и постигнување долгорочна програма. Беше јасен дека денеска нема да има конкретни мерки, а проблемите на Грција, кои ги оцени како тешки и длабоки, изјави дека уште долго време ќе бидат дел од разговорите на европските министри за финансии.

Тој изјави дека е прерано за оптимизам бидејќи се работи за тешки проблеми за кои ќе бидат потребни конкретни решенија и треба да се види дали грчката влада ќе покаже подготвеност за спроведување на потенцијалните решенија. Според Дајселблум, времето ги притиска сите и ситуацијата, повеќе од јасно, е итна.

Премиерот Алексис Ципрас ќе се сретне со канцеларката Ангела Меркел и со францускиот претседател Франсоа Оланд, а потоа ќе присуствува на Самитот на ЕУ за Грција. Според информациите, на средбата ќе присуствува и првиот човек на Комисијата, Жан-Клод Јункер, кој пред малку, пред влезот за Самитот на ЕУ, изјави дека решенијата и спасот на Грција се во рацете на Ципрас. Утре изутрина Ципрас ќе се обрати до Европскиот парламент за да објасни што бара и сака грчкиот народ од ЕУ.

Грчката влада коментира дека не се ни очекувале одлуки од денешниот состанок на Еврогрупата. Според првите коментари од премиерскиот кабинет, целта на овој состанок била не да носи одлуки туку да го подготви теренот за вечерашниот Самит на ЕУ.

Позициите на Атина се дека уште од минатиот вторник премерот Алексис Ципрас има поднесено предлози кои остануваат на преговарачката маса со одредени измени и подобрувања. Владини извори коментираат дека во предлозите има идеи за реформи, финансирање, развојна програма и предлози за реконструкција на долгот.

Грчката страна вели дека за предлозите ќе разговараат денеска и утре со цел да се дојде до заеднички прифатлив договор кој ќе биде заснован врз исходот од грчкиот референдум, а исто така и ќе помогне што побрзо да се врати ликвидноста на банкарскиот систем.

Информациите во Грција се поделени, се споменуваат барања и за краткорочна, преодна програма со која ќе се осигура ликвидноста на грчките банки, но и за долгорочна програма.

За кратко време започнува Самитот на ЕУ од кој се очекуваат размислувања на ниво на лидерите на ЕУ за грчките предлози за нова програма.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...