fbpx

Меѓународен адвокатски тим подготвува досие за Русија поради користење на гладот како оружје

Во меѓувреме, руските воени загуби од почетокот на инвазијата на 24 февруари 2022 година достигнале 276.270 убиени војници, 4.667 тенка, 8.927 оклопни борбени возила, 6.260 артилериски системи, 791 повеќецевни ракетни лансери, 315 авиони, 316 хеликоптери и 20 борбени бродови

-

Адвокати за човекови права, во соработка со канцеларијата на Главниот обвинител на Украина, подготвува досие за воени злосторства што би било поднесено во Меѓународниот кривичен суд (ИЦЦ), обвинувајќи ја Русија за намерно предизвикување глад при оружен конфликт, јави украинската државна новинска агенција ukrinform.net.

„Целта е да се документираат случаите кога руските инвазиски сили користеле глад како оружје во војна“, се нагласува во уводот на текстот.

Доказите ќе бидат предадени на ИЦЦ, за да може да се почне првото воопшто обвинение од тој вид, а кое би било наменето за рускиот претседател Владимир Путин.

Во меѓувреме, руските воени загуби од почетокот на инвазијата на 24 февруари 2022 година достигнале 276.270 убиени војници, 4.667 тенка, 8.927 оклопни борбени возила, 6.260 артилериски системи, 791 повеќецевни ракетни лансери, 315 авиони, 316 хеликоптери и 20 борбени бродови или чамци и една подморница, како и 4.895 беспилотни летала, соопшти Генералштабот на Вооружените сили на Украина, пренесува украинската државна новинска агенција.

Во изминатово деноноќие, руските агресорски сили повторно вршеа напади на украинска територија, при што се уништени еден хотел и еден комплекс на пристаништето во Одеса.

Во регионот Донецк, пак, во руски артилериски напади во местото Заричне загинале двајца цивили.

Вкупно во изминатово деноноќие, руските сили извршиле 100 ракетни и 430 напади од воздух, пренесува ukrinform.net.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(РЕПОРТАЖА) Надежите на СДСМ испарија во сауната на ВМРО-ДПМНЕ

„Овде е стравотно топло, како во сауна е“, рече професорката Гордана Сиљановска-Давкова на прес-конференцијата во централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, барајќи марамче да се избрише, пред да ја прогласи победата...