GAME ART MEET UP в петок во организација на Македонската асоцијација за развивање игри – МАГДА

Српската асоцијација на игри го најавува своето прво гостување во Скопје на meet-up посветен целосно на уметноста на видеоигрите

Game Art Meeet up MAGDA Превземено од FaceBook настан

Македонската асоцијација за развивање игри – МАГДА го организира настанот GAME ART MEET UP (Game Art @ Skopje/ Serbian Games Association) што на 29 септември ќе се одржи во Netavile во Карпош.

Повеќе околу самиот настан може да прочитате преку нивните објави на социјалната мрежа Фејсбук.

Српската асоцијација на игри (Serbian Games Association – SGA), во соработка со МАГДА и MGI го најавува своето прво гостување во Скопје на meet-up посветен целосно на уметноста на видеоигрите.
Настанот е дел од регионалната турнеја на SGA со цел да се запознаат различните заедници за развивање игри од балканските земји и да се овозможи идна соработка.
Публиката ќе има шанса да ги чуе предавањата на Јана Поповиќ – 2D илустратор во Shosha Games, Белград, Весна Марија – 2D артист во Webelinx Games, Ниш и Симон Стојановски – Арт Директор во Dark-1, Скопје.
Ова е одлична шанса за сите што се заинтересирани за развивање и правење на видеоигри да ги прошират знаењата и соработката. Македонска Асоцијација за развивање игри – МАГДА редовно прави настани од овој тип, како што беа и Гејм-џем настаните за натпревари во правење видеоигри и друго. На овие линкови може да ги најдете написите што ги имаме за нивните активности, предавања, конференции, меѓународни вмрежувања, а кои се корисни за ентузијастите и професионалците.