fbpx

Магнатот Порошенко загуби од комичарот и имитатор Зеленски

-

Комичарот Володимир Зеленски, познат по имитациите на досегашниот, Петро Порошенко, ќе биде следниот претседател на Украина, покажуваат резултатите од излезните анкети.

Според анкетите, тој има повеќе од 70 отсто поддршка. Доминираше во првиот круг на гласање пред три недели, кога на ливчето беа 39 кандидати.

Зеленски (41) му беше противкандидат на актуелниот претседател Петро Порошенко, кој во политиката влезе како индустријалец, а сега изгледа пак ќе се врати во бизнисот. Сепак, за разлика од претходните две децении во Украина, не станува збор за смена на анти-руски со проруски ориентиран кандидати, оти и Порошенко и Зеленски се цврсти заговорници за спротивставување на Русија и за поддршка на украинска националност.

Порошенко призна дека изгубил, но рече дека нема да ја напушти политиката.

Претседателот на Украина има значајни овластувања во врска со безбедноста, одбраната и надворешната политика на земјата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Регионална депонија во Свети Николе: Зошто да биде европска кога може да е дива

Шеснаесет нестандардни општински и десетици диви депонии, полни со секаков отпад, без никаква ограда или заштита, расфрлани речиси до секое населено место, во реките, покрај нивите и патиштата или...