Институциите покажaa дека може да се организираат мирни и демократски избори како што и доликува на една држава која е претендент да биде земја-членка на Европската унија, рече на прес-конференција министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Тој додаде дека МВР ги презело сите мерки за изборниот процес да помине во демократски и фер услови.

Како неправилности ги истакна фотографирања на гласачки ливчиња, оштетување на гласачка кутија во Новаци, делење на рекламен материјал со еден од кандидатите во Кучичино, за што е известено Јавното обвинителство.