fbpx
Таг: Израел

таг: Израел

Обединетите нации бараат истрага по откривање на масовни гробници во болниците во Газа

Обединетите нации (ОН) повикуваат на „независна, ефикасна и транспарентна истрага“ за откривањето на масовни гробници во две болници во Газа, кои беа опколени и нападнати од израелските војници оваа година, пишува Си-ен-ен. 324 тела биле откриени оваа недела во медицинскиот комплекс Насер, во јужниот дел на Газа по повлекувањето на израелските сили од областа, а високиот комесар на ОН за...

ОНХЦР: Застрашени сме од гробниците околу болниците во Газа

Високиот комесар за човекови права на Обединетите нации (ОНХЦР) Волкер Турк изјави дека е „застрашен“ од гробниците во Газа, пренесува Би-би-си. Во трите гробници кај болниците Насер и Ал-Шифа беа откриени преку 300 тела во текот на изминатата недела. „Жртвите наводно биле закопани длабоко во земјата и покриени со отпад. Меѓу загинатите, наводно, има постари луѓе, жени и ранети, додека други...

Шефот на израелската разузнавачка служба поднесе оставка

Шефот на разузнавачката служба на израелските одбранбени сили (ИДФ) Ахарон Халива поднесе оставка, со што презеде одговорност за неспособноста на својата служба навремено да го спречи нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври, поради кој започна војната во регионот, пренесува „Тајмс оф Израел“. Генералот Халива, кој најави дека ќе се пензионира откако ќе се назначи негова замена е првиот...

САД одобри 61 милијарда долари за воена помош за Украина

Претставничкиот дом изгласа мерка со која одобри милијарди долари за воена помош за Украина, Израел и земји во југоисточна Азија, вклучувајќи го Тајван, пренесува Би-би-си. Мерката вклучува 61 милијарда долари за Украина, 26 милијарди долари за Израел, од кои 9 милијарди ќе се искористат за хуманитарна помош за Газа, и 8,1 милијарди за југоисточна Азија за „спротивставување на комунистичката Кина“. Украинскиот...

Израел возврати со напад врз Иран, Иран не планира да одговори

Израел утрово лансираше воздушен напад во близина на иранскиот град Исфахан, велат американски извори за Си-би-ес, а пренесува Би-би-си. Нападот доаѓа шест дена по нападот на Иран во Израел, кога лансираше преку 300 ракети, повеќето од кои беа соборени од израелските одбранбени сили. Иранскиот напад, пак, беше одговор на израелскиот напад врз ирански конзулат во Сирија, каде беа убиени 7...

Kaмерон: Израел одлучи да дејствува по нападот на Иран

Јасно е дека Израел одлучи да дејствува, како одговор на иранскиот масовен напад со беспилотно летало и балистички ракети минатиот викенд, изјави денеска британскиот државен секретар за надворешни работи на Обединетото Кралство, Дејвид Камерон, пренесе „Гардијан“. И Бенјамин Нетанјаху ги отфрли повиците за воздржаност и рече дека неговата земја ќе донесе сопствена одлука за тоа како да се брани. Зборувајќи...

Израел: Ќе одговориме на иранскиот воздушен напад

Началникот на Генералштабот на израелската армија, Херзи Халеви, изјави дека Израел ќе одговори на иранскиот воздушен напад, но дека сè уште размислуваат кога и како ќе го направат тоа. Иранскиот напад со проектили и беспилотни летала, рече Халеви - „ќе добие одговор“. Неговата изјава била дадена за време на посетата на воздухопловната база Неватим, која, според Израел, претрпела мала штета во...

Дејвид Камерон апелира кон Израел да не го ескалира конфликтот со Иран

Државниот за надворешни работи на Обединетото Кралство Дејвид Камерон апелираше кон Израел да не го ескалира конфликтот со Иран, притоа сепак истакнувајќи го правото на Израел да одговори на нападот на Иран, пренесува Гардијан. Ситуацијата на Блискиот Исток ескалираше откако Иран истрела ракети кон Израел. Според Израелските одбранбени сили (ИДФ) 99 отсто од ракетите биле соборени и нема значајна штета...

Бајден ветува поддршка за Израел

Американскиот претседател Џо Бајден ги осуди нападите со ирански беспилотни летала врз воени објекти во Израел, и при разговор со Бенјамин Нетанјаху ја потврди поддршката за Израел. „Му реков дека Израел покажа извонреден капацитет да се брани и да ги порази дури и нападите без преседан – испраќајќи јасна порака до неговите непријатели дека тие не можат ефективно да ја...

Иран со дронови го нападна Израел

Портпаролот на израелските одбранбени сили Даниел Хагари потврди дека Иранците испратиле беспилотни летала кон Израел и дека израелската држава е подготвена на сè. Во меѓувреме, американскиот претседател Џо Бајден ќе се врати рано во Вашингтон од Делавер за да разговара со неговиот тим за национална безбедност, еден ден откако изјави дека очекува ирански напад врз Израел, ја пренесуваат светските...

Бајден: Очекувам Иран да го нападне Израел, САД ќе помогнат Израел да се одбрани

Џо Бајден рече дека очекува ирански напад врз Израел и упати последна порака до Техеран: „Немојтe“, пренесе „Гардијан“. „Ние сме посветени на одбраната на Израел. Ќе го поддржиме Израел. Ќе помогнеме да се одбрани Израел и Иран нема да успее“, изјави Бајден. Претходно, портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби предупреди дека заканата од ирански напад врз Израел е...

„Гардијан“: Шест месеци по конфликтот во Газа, Хамас е ослабен, но далеку од поразен

Шест месеци по ненадејните напади што ги започна врз Израел, што го предизвика конфликтот во Газа, Хамас е ослабен и поделен, но далеку од поразен, велат експерти, официјални лица и извори блиски до милитантната исламистичка организација, а пренесува „Гардијан“. Хамас останува во контрола на делови од Газа, вклучувајќи ги и деловите каде што сега е концентриран голем дел од населението....

Бајден: Пристапот на Нетанјаху кон Газа е погрешен, Израел да повика на прекин на огнот

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека пристапот на премиерот Бенјамин Нетанјаху кон Газа е „погрешен“ и го предупреди Израел да повика на прекин на огнот, пренесува „Гардијан“. Коментарите на Бајден беа некои од неговите најсилни критики досега кон Нетанјаху, во период кога има тензии околу бројот на цивилни жртви од војната на Израел против Хамас и тешките услови во Газа. „Мислам...

Израел повлекува војници од јужна Газа, Палестинци се враќаат во Хан Јунис

Израелската војска најави дека ќе ги повлече своите војници од југот на Газа поради „тактички причини“, пренесува Гардијан. „Нема потреба да останеме во Хан Јунис. 98-та дивизија ги собори бригадите на Хамас во Хан Јунис и уби илјадници нејзини членови. Направивме сè што можевме таму“, изјавил член на израелската војска за израелскиот весник Хаарец. Сепак, според Гардијан, главната причина за повлекувањето...

Шест месеци војна во Газа: Не се гледа крајот, пречките за мир се сè поголеми

Нема крај на војната во Газа меѓу Израел и палестинското исламистичко движење Хамас, која трае веќе шест месеци и во која животот го загубија десетици илјади луѓе, пишува германската агенција dpa. Преговорите за прекин на огнот и ослободување на заложниците кои ги држеше Хамас продолжуваат во Каиро, а израелскиот претседател Бенјамин Нетанјаху се соочува со зголемен притисок во Израел и...

Хуманитарна организација го обвинува Израел за систематско таргетирање на нивните возила

Хозе Андреас, познатиот готвач и основачот на хуманитарната организација „Светска централна кујна“ (СЦК), од која седум работници беа убиени во воздушно бомбардирање од израелските сили во понеделникот, го обвини Израел за систематско убивање на работниците, чии автомобили биле таргетирани „еден по друг“, пренесува „Ројтерс“. Седумте работници, со потекло од Австралија, Велика Британија, Палестина, Полска и САД, се возеле во возило...

Израелски напад во Газа усмрти седум хуманитарни работници од Британија, САД, Австралија, Полска

Израелски воздушен напад во Газа усмрти седум работници од хуманитарната организација Светска централа кујна (СЦК), пренесува Гардијан. Жртвите потекнуваа од Австралија, Велика Британија, Палестина, Полска, а еден од загинатите имал двојно државјанство од САД и Канада. Светската централна кујна, која беше клучна во доставата на хуманитарна помош преку новиот поморски коридор од Кипар, соопшти дека работниците патувале во две возила...

Без докази се обвинува Израел дека стои зад терористичкиот напад во Москва

Одговорноста за нападот во концертната сала во Москва ја презеде Исламска држава. Русија, пак, се обидува одговорноста да ја префрли на Украина, иако нема никакви докази за тоа. Украина демантира каква било поврзаност со терористичкиот напад. Досега се уапсени 11 лица, од кои четворица државјани на Таџикистан се обвинети дека директно учествувале во нападот. Во ниту една изјава досега,...

САД ќе даде оружја вредни милијарди на Израел

САД планира да даде оружја вредни милијарди долари на Израел, велат два извори за Гардијан. Ќе се предадат повеќе од 1800 MK84 бомби кои тежат 900 килограми и 500 MK82 бомби кои тежат 200 килограми, пишува Вашингтон пост. MK84 бомбите се користеле од израелските сили во сегашната војна во неколку бомбардирања со висок број на жртви. Вашингтон инаку одвојува до 4...

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени, но, според британската хуманитарна организација „Набљудување на сириски човекови права“, има најмалку 40 жртви. Хезболах вели дека најмалку 36 сириски војници и шест членови на Хезболах се убиени. Групата тврди дека...

Поскапе осигурувањето за регистрација на возила за 15 отсто

Осигурувањето за регистрација на возила од вчера поскапе за 15 отсто. Новите цени ќе важат за товарните возила и за коли со моќност над 44 киловати, додека цената за...