fbpx

Израел повлекува војници од јужна Газа, Палестинци се враќаат во Хан Јунис

Според Гардијан, главната причина за повлекувањето на војниците е тоа резервистите да имаат можност да се одморат, отколку за некоја суштинска промена во воената стратегија

-

Израелската војска најави дека ќе ги повлече своите војници од југот на Газа поради „тактички причини“, пренесува Гардијан.

„Нема потреба да останеме во Хан Јунис. 98-та дивизија ги собори бригадите на Хамас во Хан Јунис и уби илјадници нејзини членови. Направивме сè што можевме таму“, изјавил член на израелската војска за израелскиот весник Хаарец.

Сепак, според Гардијан, главната причина за повлекувањето на војниците е за да им се овозможи на истите да одморат по неуморна четиримесечна борба во регионот, а не некаква суштинска промена во воената стратегија.

Дополнително, израелскиот министер за одбрана Јоав Галант изјави дека дел од причината за повлекувањето е за да започнат подготовки за офанзива во јужниот град Рафах. Потенцијалната офанзива во Рафах е една од најконтроверзните идеи на израелската војска – САД и европските сојузници на Израел имаат цврсто застанато против идејата поради хуманитарните услови во градот, каде речиси целото население на Газа е моментално сместено.

Палестински граѓани започнаа да се враќаат во своите домови во Хан Јунис. Жители на Хан Јунис за Би-би-си рекле дека едвај можеле да најдат што било во своите срамнети домови.

„Нема скали за да се стигне до него. Брат ми успеа да се искачи и да донесе облека за моите деца“, вели Наџва Ајаш за Би-би-си.

Истовремено, продолжуваат преговорите за примирје во Каиро, но излегуваат противречни информации околу напредокот на преговорите.

Од Каиро велат дека има „забележлив“ напредок во постигнувањето на договор за примирје. Но, израелски функционер изјавил оти „ништо драматично“ се нема случено досега и дека „растојанието меѓу двете страни е многу големо“, во однос на нивните барања.

Претставник од Хамас за Ал Џазира исто така рекол дека израелската делегација не одговорил на ниедно од барањата на Хамас, кои вклучуваат траен прекин на огнот, повлекување на израелските сили од Газа, враќање на раселените Палестинци во нивните домови и обезбедување слобода на движење, засолниште и помош за Палестинците – како и договор за размена на заложници и затвореници.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави оти нема да се согласи на примирје сè додека не се ослободат сите заложници заробени од Хамас за време на нивниот напад врз Израел на 7 октомври, пред шест месеци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Утрово силен земјотрес во Хрватска, почувствуван и во Босна и Херцеговина

Сеизмолошката служба во Хрватска утрово забележа прилично силен земјотрес со епицентар на околу 15 километри јужно од градот Слуњ во централниот дел на земјата. Земјотресот се случил во 5 часот...