fbpx

Хуманитарна организација го обвинува Израел за систематско таргетирање на нивните возила

Работниците во „Светската централна кујна“ биле во едно возило кое било бомбардирано, преживеаните се преместиле во второ возило кое било таргетирано и конечно се преместиле во трето возило кое исто така било мета на напад и биле убиени

-

Хозе Андреас, познатиот готвач и основачот на хуманитарната организација „Светска централна кујна“ (СЦК), од која седум работници беа убиени во воздушно бомбардирање од израелските сили во понеделникот, го обвини Израел за систематско убивање на работниците, чии автомобили биле таргетирани „еден по друг“, пренесува „Ројтерс“.

Седумте работници, со потекло од Австралија, Велика Британија, Палестина, Полска и САД, се возеле во возило кое било јасно означено одозгора со логото на „Светската централна кујна“. Тие биле во постојана комуникација со израелските одбранбени сили за нивната локација.

Нивното возило било бомбардирано. Потоа, тие кои преживеале се преместиле во друго возило, кое исто така било бомбардирано. Конечно, повредените отишле во трето возило кое повторно било мета на напад, во кое загинале останатите работници. Сето ова се случило на дистанца пократка од 2 километри.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека станува збор за грешка и погрешно идентификување на возилото, толкување што е поддржано од САД.

„Ова не беше само ситуација на лоша среќа, каде ‘упс’ ја фрливме бомбата на погрешно место“, рече Андрес од СЦК во емоционално интервју.

Андрес „категорично“ го одбива објаснувањето на Израел и САД дека станува збор за несреќа.

„Дури и да не бевме во координација со израелските одбранбени сили, ниту една демократска земја и ниту една војска не може да таргетира цивили и хуманитарни работници“, додаде тој.

Од СЦК побараа да се изврши независна истрага во инцидентот, каде ќе биде вклучена трета странка покрај Израел.

„Независна истрага е единствениот начин да се утврди вистината за она што се случи, да се обезбеди транспарентност и одговорност за одговорните и да се спречат идни напади врз работниците за хуманитарна помош“, се вели во соопштението на СЦК.

Неколку хуманитарни работници за Гардијан кажаа дека по нападот чувствуваат страв при својата работа и дека го повикуваат Израел построго да ги следи меѓународните закони.

Министерот за надворешни работи на Полска Радослав Сикорски го критикуваше Израел за тоа дека биле подготвени да жртвуваат седум невини луѓе.

„Началникот на израелскиот генералштаб вели дека станува збор за погрешно идентификување и дека мислеле дека меѓу нив има терорист. Но, и да имало, се чини дека биле спремни да жртвуваат седум невини луѓе за некој што не бил непосредна опасност. Тоа се морални опасности за кои мислам дека не се прифатливи“, изјави Сикорски.

Пропорционалноста на тоа колку цивили Израел се подготвени да жртвува во нивното таргетирање на оперативци на Хамас беше истражено и во денешната истражувачка сторија на Гардијан го истражуваше системот за идентификување воени цели на Израел, кој користи вештачка интелигенција (ВИ).

Членови на израелската армија за Гардијан раскажуваат како, особено на почетокот на војната, имале притисок од командирите да бомбардираат што е можно повеќе воени цели и дека ВИ системот во секој момент нудел десетици илјадници потенцијални цели.

Интервјуираните за Гардијан велат дека биле подготвени и до 15 или 20 цивили да се жртвуваат во нивните напади. Експерт за меѓународен закон од САД вели дека толку висока бројка е „нечуена“. Дополнително, во написот стои дека често ги таргетирале оперативците на Хамас кога биле во нивните домови, со нивните семејства.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...