fbpx

„Виз Ер“ почна со летови од Скопје до Салцбург

Летови ќе има три пати во неделата односно во понеделник, среда и петок

-

Унгарската авиокомпанија „Виз ер“ од први април почна да лета од Скопје до австрискиот град Салцбург. Летови ќе има три пати во неделата односно во понеделник, среда и петок.

Линијата на „Виз ер“ до Салцбург е субвенционирана од Владата. Авиокомпанијата од државата ќе добива 7 евра по патник во заминување од Меѓународен аеродром Скопје.

„Оваа нова рута ќе ја подобри поврзаноста меѓу Македонија и Австрија. Со започнувањето на оваа авиолинија „Виз ер“ ја покажува својата посветеност на проширување на својата мрежа, поврзувајќи ги патниците со возбудливи дестинации, притоа давајќи приоритет на поволните цени во комбинација со висококвалитетната услуга во авионот“, велат од компанијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Очајна екипираност – во просек еден обвинител има по 180 нови предмети годишно

Во просек, на годишно ниво секој јавен обвинител од основно обвинителство работел на по околу 180 нови предмети, покажува Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за 2023 година...