Визер и Луфтханза ќе воведат летови кон Франкфурт, Штутгарт, Љубљана, Луксембург и Салцбург

Луфтханза ќе почне да лета од 23 април кон Франкфурт, додека Визер ќе ги воведе ветените авиолинии од 1 ноември

-

Владата склучи договор со авиокомпаниите Визер и Луфтханза за финансиска поддршка за воведување на нови авионски линии од македонските аеродроми, кои се пријавија на мартовскиот јавен повик за доделување субвенции. Германската авиокомпанија ќе започне да сообраќа меѓу Скопје и Франкфурт од 23 април, и тоа 10 пати неделно, за што ќе добие субвенции од државата.

Визер ќе добие финансиска поддршка за да лета кон дестинациите: Скопје-Штутгарт, Скопје-Луксембург, Скопје-Салцбург и Скопје-Љубљана, при што предвидено е кон овие четири дестинации да има по три лета неделно. Планирано е воведување на овие линии од 1 ноември годинава.

За новите авионски летови, финансиската поддршка ќе изнесува по 7 евра по патник во заминување превезен од Меѓународниот аеродром Скопје, информираше министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на денешната прес-конференција. Притоа, тој рече дека авиопревозниците што ќе добијат субвенции, ќе имаат обврска да оперираат на линијата три дополнителни години и по завршувањето на финансиската поддршка што ќе трае до октомври 2025 година. Во спротивно, ќе треба да го вратат целиот износ на средства што го добиле од државата.

Премиерот Димитар Ковачевски изјави дека финансиската поддршка од 5 милиони евра ќе биде распределена во период од три години, заклучно со октомври 2025 година. За годинава од буџетот на Министерството за транспорт и врски веќе се определени 1,1 милиони евра за оваа намена.

Ковачевски додаде дека со авиопревозникот Луфтханза, нашите граѓани ќе имаат можност да се поврзат со повеќе од 200 дестинации, со оглед што аеродромот во Франкфурт е еден од најголемите светски аеродроми.

Сем Алтман смета дека Илон Маск не е среќен човек

Извршниот директор на компанијата „Опен АИ“, Сем Алтман, зборуваше против својот ривал Илон Маск, еден ден откако го отфрли потенцијалниот договор што можеше да ја обликува иднината на вештачката интелигенција. Алтман,...

МОН разви мобилна апликација за родителите да имаат увид во образованието на нивните деца

Родителите и старателите на учениците од сега до електронскиот дневник ќе можат да пристапат и преку мобилна апликација развиена од Министерството за образование и наука (МОН). За новата апликација „Е-дневинк“ денеска на...

Сезона на вештерство во новото продолжение на Диабло 4

Новата сезона на Diablo 4: Season of Witchcraft е седмата сезона од играта која ги имплементира сите најфункционални механики до сега. Самата сезона се занимава со Witchcraft односно „вештерство” како имагинарна...

Македонија 12 места подолу на индексот на перцепција на корупцијата

Со 40 поени од вкупно 100, Северна Македонија годинава се најде на 88. место од 180 земји според најновиот Индекс за перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернешнл (ТИ). На скалата каде 0...

Сем Алтман смета дека Илон Маск не е среќен човек

Извршниот директор на компанијата „Опен АИ“, Сем Алтман, зборуваше против својот ривал Илон Маск, еден ден откако го отфрли потенцијалниот договор што можеше да ја обликува иднината на вештачката...