четврток, 16 април, 2026
Meta.mk

Ознака: виз-ер | 25 резултати

„Виз Ер“ почна со летови од Скопје до Салцбург

април 4, 2024

Унгарската авиокомпанија „Виз ер“ од први април почна да лета од Скопје до австрискиот град Салцбург. Летови ќе има три пати во неделата односно во понеделник, среда и петок. Линијата на „Виз ер“ до Салцбург е субвенционирана од Владата. Авиокомпанијата од државата ќе добива 7 евра по патник во заминување од Меѓународен аеродром Скопје. „Оваа […]

„Виз ер“ ги прекинува сите летови до Италија, по рестриктивните мерки на владата во Рим

март 10, 2020

„Виз ер“ објави дека од денеска 10 март 2020 ги суспендира сите свои рути до Италија, како резултат на одлуката за рестриктивни мерки на италијанскиот премиер, со цел да ја контролира појавата на корона вирус во земјата. „Летовите за сите дестинации на „Виз ер“ кон Италија Алгеро, Бари, Болоња, Катанија, Милано Бергамо, Милано Малпенса, Неапол, […]

Турку и Ларнака се две нови дестинации на „Виз ер“ од Меѓународниот аеродром Скопје

јули 31, 2019

„ТАВ Македонија“ денеска го одбележа отворањето на две нови дестинации на „Виз ер“ од Меѓународниот аеродром Скопје – Турку и Ларнака. На Меѓународниот аеродром Скопје, попладнево беше пречекан првиот лет на новата директна авиолинија на „Виз ер“ од Турку, град на југозападниот брег на Финска. Со време на поаѓање 06 часот, а време на пристигнување […]

Воведени две нови авионски линии од Охрид кон Малме и Милано

март 18, 2019

„ТАВ Македонија“ на аеродромот „Св. Апостол Павле Охрид“ го пречека првиот лет на „Виз ер“ од Малме, во исто време одбележувајќи го отворањето на две нови дестинации од Охрид кон Малме и Милано и обратно. Двете нови директни линии ќе сообраќаат во текот на целата година, со две неделни фреквенции. Почнувајќи од денеска, 18 март, […]

Сугарески: Понудата од „Виз ер“ не одговараше со условите во јавниот повик

октомври 17, 2018

По повод поништениот јавен повик за финансиска поддршка на авиокомпании што беше објавен на 13 септември годинава, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески информираше дека авиокомпанијата „Виз ер“, била единствената која доставила понуда, но таа не одговарала со условите и критериумите пропишани во јавниот повик за финансиска поддршка за авиокомпании. Тој објасни кои делови од […]

Повторно поништен јавниот повик за финансиска поддршка на авиокомпании

октомври 17, 2018

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска објави дека повторно е поништен јавниот повик за финансиска поддршка на авиокомпании што беше објавен на 13 септември годинава. На денешната прес-конференција во Владата, Сугарески информираше дека до крајниот рок е доставена само понуда од „Виз ер“, но таа не одговара со условите и критериумите во тендерот.

Владата со нови критериуми за субвенции за авиопревозници

август 22, 2018

Владата на денешната седница почна нова постапка за доделување финансиска поддршка, односно субвенции, на домашни и странски авиокомпании за евтини летови. Пред две седмици беше поништен повикот за субвенции на кој се пријави само унгарската компанија „Визер“. Новата мерка за субвенционирање ќе важи за периодот 2019-2021 година. – Владата ги донесе уредбата за начинот и […]

Поништена постапката за субвенции за авиопревозници

август 6, 2018

По предлог на Комисијата за спроведување на постапката за доделување на финансиска поддршка на авиопревозници, Министерството за транспорт и врски ја поништило постапката за доделување на финансиска поддршка. На јавното отворање на барањата, на 27 јули, имало само една понуда, којашто не била доставено согласно условите, односно на трите запечатени внатрешни пликоа не би наведен […]

Во август нов договор за субвенционирани летови од македонските аеродроми

јуни 28, 2018

Нов договор за доделување финансиска поддршка од државата за воведување нови дестинации од македонските аеродроми треба да биде потпишан во август годинава со авиокомпанија што ќе биде избрана на повикот што за таа намена го објави денеска Министерството за транспорт и врски. Со тендерот на кој понуди ќе може да се доставуваат до 27 следниот […]

1,2 милиони патници од Македонија летале со „Виз-ер“

јануари 11, 2018

„Виз ер“, лани  превезе 1,2 милиони патници на ниско-буџетните македонски авиолинии, што претставува пораст од 20 проценти на годишно ниво и поддржува 900 локални работни места во придружните индустрии. Лани, компанијата ја прошири својата скопска флота на четири авиони и воведе четири нови авиолинии од Скопје до Будимпешта, Малта, Рим и Ваксјо. – Како авиокомпанија со […]

„Виз ер“ ќе воведе авиолинија Охрид – Виена

јануари 10, 2018

„ТАВ Македонија“ и ниско-буџетната авиокомпанија „Виз ер“ најавија нова авиолинија од Охрид до Виена од 15 ноември. Летовите ќе бидат три пати неделно, односно секој вторник, четврток и недела со цени на картите од 1.199 денари. Генералниот директор на „ТАВ Македонија“, Алпер Ерсој изјави дека Виена како дестинација ќе биде четврта по ред авиолинија од Охрид што […]

„Виз ер“ бара дозвола за работа во Велика Британија поради Брексит

октомври 18, 2017

Унгарската нискотарифна авиокомпанија „Виз ер“ аплицираше за дозвола за работа како авионски оператор во Велика Британија, за да биде сигурна дека ќе продолжи да работи и по излегувањето на таа земја од Европска Унија. Во соопштението доставено до Лондонската берза, „Виз ер“ наведува дека ќе основа британска подружница „Виз ер УК“ со база на аеродромот […]

„Виз ер“ од денеска со летови од Скопје до Будимпешта

април 5, 2017

Компанијата „ТАВ Македонија“ денеска го пречека авионот на „Виз ер“ кој на скопскиот аеродром „Александар Велики“ слета од Будимпешта, одбележувајќи го отворањето на новата рута Будимпешта – Скопје – Будимпешта. Авиокомпанијата ќе сообраќа двапати неделно, односно секоја среда и недела, со пристигнување на скопскиот аеродром од Будимпешта во 12.25 часот и заминување од Скопје за […]

„Виз ер“ воведува три нови линии до Рим, Малта и до Ваксјо

февруари 28, 2017

Три нови авиолинии од Скопје до Малта, Рим и до Ваксјо (Шведска) ќе воведат „Виз ер“ и „ТАВ Македонија“, информираа од компанијата. Летовите ќе почнат да се реализираат на 14 и на 16 јули годинава, кога ќе се базира и четвртиот авион на оваа компанија. – Нашата инвестиција во базата во Скопје со дополнителниот воздухоплов, […]

„Виз ер“ воведе нова авиолинија Скопје – Будимпешта

декември 15, 2016

Нискобуџетната авиокомпанија „Виз ер“ ќе воведе нова линија од Скопје до Будимпешта од 2 април 2017 година. Летовите ќе се одвиваат двапати неделно, во среда и во недела, а билетите веќе се ставени на продажба и можат да се резервираат. Од „Виз ер“ велат дека Будимпешта е популарна дестинација како од бизнис-аспект, така и за туристите. […]

„Виз ер“ воведува нова линија Скопје – Хановер

јули 19, 2016

Нова линија Скопје – Хановер со два лета неделно, во вторник и во сабота, ќе воведе најголемата нискобуџетна компанија „Виз ер“ од 1 ноември годинава. Со воведувањето на овој лет, „Виз ер“ ќе нуди вкупно 25 рути во 11 држави од двата македонски аеродрома, во Скопје и во Охрид, а аеродромот во Хановер е 124. во мрежата на […]

„Виз ер“ ќе лета двапати неделно до Берлин, Копенхаген и Братислава

март 29, 2016

Нискобуџетната авиокомпанија „Виз ер“ воведува летови кон Берлин, Братислава и Копенхаген двапати неделно од аеродромот „Александар Велики“. Кон Берлин ќе сообраќа во вторник и во сабота, а цената на билетот ќе изнесува од 1.199 денари, кон Братислава во понеделник и во петок, а кон Копенхаген во среда и во недела, дестинации до кои билетот ќе […]

„Виз ер“ од и до Македонија превезла 2 милиони патници

јануари 27, 2016

Нискобуџетната авиокомпанија „Виз ер“ превезла два милиона патници до и од Македонија откако почнала со работа во 2011 година. – Со основањето на нашата база во Скопје и со континуираното ширење на нашата нискобуџетна мрежа, отворивме голем број локални работни места, во исто време поттикнувајќи ги туризмот и воздухопловната индустрија. Сега имаме три воздухоплови базирани во […]

„Виз ер“ ќе лета и до Братислава, Копенхаген и до Берлин

декември 2, 2015

Братислава, Копенхаген и Берлин се новите дестинации до кои нискобуџетната авиокомпанија „Виз ер“ ќе лета од Скопје. Новите летови ќе се воспостават во март следната година. „Виз ер“ сега нуди 24 рути кон 11 земји од двата македонски аеродроми, во Скопје и во Охрид.

Повеќе од 3.000 учесници на ревијалната трка на „Виз ер Скопје“

септември 20, 2015

Повеќе од 3.000 учесници учествуваа на ревијалната трка на „Виз ер Скопје“ на 5 километри. Трката почна во 9 часот на улицата Димитрија Чуповски, кај „Рекорд“, а се трчаше низ булеварот Климент Охридски, Илинденска, Франклин Рузвелт, па долж булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов учесниците се упатија кон финишот. – Сакам да им се заблагодарам на сите љубители на спортот и […]

Страна 1 од 2