fbpx

Воведени две нови авионски линии од Охрид кон Малме и Милано

-

„ТАВ Македонија“ на аеродромот „Св. Апостол Павле Охрид“ го пречека првиот лет на „Виз ер“ од Малме, во исто време одбележувајќи го отворањето на две нови дестинации од Охрид кон Малме и Милано и обратно.

Двете нови директни линии ќе сообраќаат во текот на целата година, со две неделни фреквенции. Почнувајќи од денеска, 18 март, летот од и до Малме ќе сообраќа секој понеделник и петок, со време на пристигнување во 11.25 часот, време на поаѓање 11.55 часот.  Летот пак од и до Милано Малпенса од утре, 19 март, ќе сообраќа секој вторник и сабота, со време на пристигнување во 17.25 часот, и време на поаѓање во 17.55 часот.

Овој распоред на летовите важи до крајот на март, односно до крајот на зимската сезона.  Според распоредот на летови за летната сезона во 2019 година, од 1 и 4 април, соодветно, Милано Малпенса ќе пристигнува во 18.55 часот, а ќе полетува во 19.25 часот, додека летовите од Малме ќе пристигнуваат на охридскиот аеродром во 11.20 часот и ќе поаѓаат назад во 11.50 часот, двата лета ќе сообраќаат секој понеделник и петок.

Со додавањето на Малме и Милано, како нови дестинации, сега од охридскиот аеродром има пет редовни линии, Виена, Базел, Цирих, Малме и Милано, како и осум сезонски дестинации до Амстердам, Брисел, Тел Авив, Варшава, Катовице, Истанбул, Ајндховен и Талин, на кои оперираат 11 авиокомпании.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...