Повеќе од 3.000 учесници учествуваа на ревијалната трка на „Виз ер Скопје“ на 5 километри.
Трката почна во 9 часот на улицата Димитрија Чуповски, кај „Рекорд“, а се трчаше низ булеварот Климент Охридски, Илинденска, Франклин Рузвелт, па долж булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов учесниците се упатија кон финишот.
– Сакам да им се заблагодарам на сите љубители на спортот и на трчањето, на сите аматери и професионалци кои утрово заедно создадоа неверојатна позитивна атмосфера токму во центарот на Скопје – изјави директорот на Скопскиот маратон, Кире Синадиновски.
Трката „Виз ер Скопје“ е дел од Европската недела на спортот која е поддржана и организирана од Европската комисија.