fbpx
Таг: Израел

таг: Израел

„Солидарност со Палестина“: Студентите побараа УКИМ да го поддржи студентското движење

Вчера, на жешкото попладневно сонце, млади луѓе се собраа на платото пред Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје за да ја изразат својата поддршка за палестинскиот народ, кој веќе осум месеци се соочува со катастрофални услови за живот, како последица на воената офанзива на Израел. На протестниот собир наречен „Солидарност со Палестина“ се одржа едноминутен молк за повеќе...

Денеска на платото пред УКИМ протестен собир „Солидарност со Палестина“

Денеска во 17 часот на платото пред Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ќе се одржи протестен собир наречен „Солидарност со Палестина“ во организација на нова студентска иницијатива која се нарекува „УКИМци за Палестина“. Според нивниот пост на Инстаграм, Иницијативата бара од УКИМ да го прекине својот молк и да заземе став за „едно од најголемите злосторства во поновата...

Семејствата на заложниците ги повикуваат Израел и Хамас да го прифатат предлогот на Бајден за прекин на огнот

Семејствата на израелските заложници кои ги држи Хамас ги повикаа сите страни веднаш да го прифатат трифазниот договор што го наведе претседателот на САД Џо Бајден во петокот за ставање крај на речиси 8-месечната војна и враќање на нивните роднини дома, објави СиБиЕс њуз. Меѓутоа, во соопштението од саботата, канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека трајниот прекин на...

Виша советничка во Стејт департмент даде оставка бидејќи се фалсификувал извештај за Израел

Стејси Гилберт, виша советничка во Стејт департментот во САД, поднесе оставка во вторник. Таа тврди дека бил фалсификуван извештај за Израел, пренесува Гардијан. Во извештајот стои дека Израел не е одговорен за блокирањето на протокот на американската хуманитарна помош во Газа. Според Гилберт, овој заклучок оди против мислењето на хуманитарните организации и експертите, меѓу кои била и таа, кои биле...

Израел ја контролира целата копнена граница на Газа по преземањето на коридорот Филаделфи

На телевизиски брифинг во средата, главниот воен портпарол на Израел, Даниел Хагари, рече дека израелските сили добиле „оперативна“ контрола над коридорот Филаделфи. „Филаделфи“ е кодното име која израелската војска го користи за границата меѓу Газа и Египет, која е долга 14 километри, пренесува Гардијан. Хагари тврди дека коридорот Филаделфи служел како пат за шверц на оружје за Хамас. Границата со Египет...

САД сметаат дека нападите во Рафах не претставуваат целосна инвазија на градот

Соединетите Американски Држави не веруваат дека нападите на Израел врз Рафах во текот на изминатата недела не претставуваат целосна инвазија на градот, изјави портпаролот на Белата куќа Џон Кирби, на прес-конференција која се одржа само неколку часа откако израелските сили стигнаа до центарот на Рафах, пишува Би-би-си. Вчера имаше тенкови и пукање во центарот на градот, а претходно беше бомбардиран...

Тенкови и пукање во центарот на Рафах, и покрај меѓународните апели против офанзивата

Израелски тенкови пристигнале во центарот на Рафах, велат очевидци и локални новинари, а пренесува Би-би-си. Тенковите биле забележани околу кружниот тек кај џамијата Ал-Авда. Станува збор за клучен дел од Рафах, каде се наоѓаат банки, владини институции, како и продавници. Имало и интензивно пукање во центарот на градот. Очевидец вели дека израелски војници биле позиционирани на кров на зграда, од каде...

Воздушен напад врз шатори со раселени лица во Рафах, најмалку 35 убиени

Израел лансираше воздушен напад врз шатори со раселени лица во Рафах, само неколку дена откако Меѓународниот суд за правда (МСП) во Хаг побара од Израел да престане со воени активности во Рафах, пренесува Гардијан. Јужниот град Рафах долго време служеше како засолниште за поголемиот дел од населението на Газа додека траеше копнената офанзива на Израел во северниот дел од појасот....

Нема докази дека Путин изјавил оти Русија ќе го поддржи Иран, ако САД се вмеша во конфликтот

Кремљ на 16 април објави извештај од телефонски разговор меѓу Путин и тогашниот претседател на Иран, Ебрахим Раиси по повод конфликтот меѓу Иран и Израел, наведувајќи дека рускиот претседател повикал на прекин на огнот. Во соопштение на Кремљ, како што пишува „Ројтерс“, се наведува дека „Путин повикал сите страни на Блискиот Исток да покажат разумна воздржаност и да спречат...

Ирска, Шпанија и Норвешка најавија признавање на Палестинска држава

Ирска, Шпанија и Норвешка денес соопштија дека следната недела официјално ќе признаат постоење на Палестинска држава, пишува Политико. Во ирскиот главен град Даблин, премиерот Сајмон Харис, рече дека Палестина го заслужува истото право да биде признаена како суверена држава што го добила Ирска по водењето на војната за независност од Велика Британија пред повеќе од еден век. Но, тој истакна дека...

Меѓународниот кривичен суд побара апсење на Бенјамин Нетанјаху и лидерот на Хамас

Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг побара апсење на лидерите на Израел и Хамас, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и Исмаил Ханијех, пренесува Би-би-си. Тие се обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото. Дополнително, се бара апсење на израелскиот министер за одбрана Јоав Галант, како и Мохамед Деиф и Јахја Синвар, кои се на високи позиции во...

Од почетокот на израелската операција во Рафа од територијата побегнале 800.000 луѓе

Од почетокот на израелската копнена операција во Рафах на 6 мај, од градот побегнале 800.000 луѓе, соопшти синоќа шефот на Агенцијата на ОН за помош за палестинските бегалци (УНРВА) Филипe Лазарини. Тој истакна дека луѓето се кријат во урнати згради и во области каде што е прекинато водоснабдувањето, а санитарни јазли не постојат. „Секој пат се принудени да ги остават зад...

Израелски демонстранти блокираат и уништуваат хуманитарна помош за Газа

Демонстранти од израелската крајнодесничарска активистичка група Цав 9 вчера блокираа камиони кои носеа хуманитарна помош во Газа, пренесува „Тајмс оф Израел“. Дополнително, по социјалните мрежи кружеа неколку видеа од истите демонстранти како ги земаат кутиите и вреќите со храна од камионите, ги празнат и ги фрлаат на улица. פעילי צו 9 חסמו משאיות סיוע הומניטרי לעזה במעבר תרקומיא סמוך לחברון...

Израел ги интензивира нападите врз бегалскиот камп Џабалија

Египет ќе го поддржи случајот на Јужна Африка пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој го обвинува Израел за геноцид во војната во Газа, пишува Гардијан. Во соопштение на Министерството за надворешни работи на Египет, се вели дека поддршката на случајот доаѓа откако израелските напади врз палестинските цивили во Појасот Газа се влошиле. Понатаму, укажуваат на израелското систематско „таргетирање на цивили...

САД: Израел веројатно го прекршил меѓународното право со користење американско оружје во Газа

Продолжува евакуацијата на жителите на градот Рафах во Појасот Газа. Израелската армија денеска побара евакуација од жителите во источниот дел на градот и неговиот центар. Во тие делови на Рафах има и два бегалски кампа. Во меѓувреме, во збирниот извештај кој беше доставен до Конгресот администрацијата на претседателот Џо Бајден наведува дека постојат разумни докази кои доведуваат до заклучок дека...

Израел оди во финалето на Евровизија и покрај протестите со поддршка за Газа во Малме

Израелскaта пејачка Еден Голан се квалификуваше за финалето на Евровизија после јавното гласање. Нејзината победа следуваше неколку часа откако илјадници пропалестински демонстранти се собраа на улиците на Малме, Шведска, каде што се одржува Евровизија, за да ја дадат својата поддршка за Газа. 20 годишната пејачка беше исвиркана за време на генералните проби. Можеше да се забележи мешавина од навивање и исвиркување...

Бајден: САД нема да доставуваат оружје во Израел aко градот Рафах е нападнат

Џо Бајден испрати предупредување до Израел дека неговата администрација ќе престане да испорачува бомби и артилериски гранати ако израелската војска продолжи со офанзива врз градот Рафах, пишува Гардијан.  Американскиот претседател го испорача предупредувањето во телевизиско интервју во кое ги отфрли израелските и републиканските поплаки и јасно стави до знаење дека неговата администрација нема да обезбеди оружје за офанзива на Рафах,...

Бајден ја запре испораката на оружје за Израел поради нападот врз Рафах

Претседателот Бајден ја прекина испораката на оружје за Израел минатата недела за да спречи оружјето произведено во САД да се користи во нападот врз јужниот град во појасот Газа, Рафах, изјавија за „Њујорк тајмс“ претставници на амеркианските власти, што е знак за растечкиот јаз меѓу Вашингтон и Ерусалим околу водењето на војната. Претседателот задржа 1.800 бомби од 900 кг. и...

Израелската армија го окупира граничниот премин Рафах

Израелските сили соопштија дека ја презеле контролата врз преминот Рафах од страната на Газа. Израелски воен претставник потврдил дека Израел воспоставил оперативна контрола на палестинската страна на преминот Рафах, кој граничи со Египет во јужниот дел на Газа, пренесува Гардијан. Портпаролот на граничниот премин Газа изјавил за новинската агенција Ројтерс дека преминот Рафах е затворен поради присуството на израелски тенкови....

Израел започна со евакуација на Рафах

Израелските одбранбени сили (ИДФ) најавија дека започнале со евакуирање на 100.000 жители на Рафах, најјужниот град во Газа, каде повеќе од половина од населението на Газа е сместено, пренесува Гардијан. Евакуацијата укажува дека контроверзната копнена офанзива во Рафах набргу ќе започне. Во последните месеци, Израел цврсто стои зад ставот дека офанзивата во Рафах е потребна за да се постигнат стратешките цели...

Очајна екипираност – во просек еден обвинител има по 180 нови предмети годишно

Во просек, на годишно ниво секој јавен обвинител од основно обвинителство работел на по околу 180 нови предмети, покажува Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за 2023 година...