fbpx

Нема докази дека Путин изјавил оти Русија ќе го поддржи Иран, ако САД се вмеша во конфликтот

Како што пишуваат проверувачите на факти на Вистиномер, нема докази дека Путин изјавил дека Русија ќе го поддржи Иран, доколку САД се вмеша во конфликтот меѓу Израел и Иран. Наводната изјава почнала да се шири 3 дена откако Путин јавно го искоментирал неодамнешинот напад на Иран врз Израел

-

Кремљ на 16 април објави извештај од телефонски разговор меѓу Путин и тогашниот претседател на Иран, Ебрахим Раиси по повод конфликтот меѓу Иран и Израел, наведувајќи дека рускиот претседател повикал на прекин на огнот. Во соопштение на Кремљ, како што пишува „Ројтерс“, се наведува дека „Путин повикал сите страни на Блискиот Исток да покажат разумна воздржаност и да спречат нова рунда на конфронтации која може да резултира со катастрофални последици по целиот регион“, пишува Вистиномер.

Текстот го пренесуваме во целост:

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Владимир Путин испрати порака дека ќе му даде целосна поддршка на Иран доколку САД се вмешаат во конфликтот меѓу Израел и Иран.
Дали е ова почеток на Третата светска војна?

Како што пишуваат проверувачите на факти на повеќе сервиси, не е точно дека претседателот на Русија дал ваква изјава. Наводната изјава на Путин за поддршка за Иран се прошири и во регионот, а во одредени објави, како и во оваа што ја рецензираме се сподеделува фотографија од ракување меѓу Путин и сега загинатиот претседател на Иран, Ебрахим Раиси.

Како што пишуваат проверувачите на факти на Истиномер, нема докази дека Путин изјавил дека Русија ќе го поддржи Иран, доколку САД се вмеша во конфликтот меѓу Израел и Иран. Наводната изјава почнала да се шири 3 дена откако Путин јавно го искоментирал неодамнешинот напад на Иран врз Израел.

Иран на 13 април годинава лансираше стотина беспилотни летала и проектили во возвратен напад на израелската територија, откако Израел изврши напад на објектот на иранската амбасада во Сирија на 1 април годинава.

Кремљ на 16 април објави извештај од телефонски разговор меѓу Путин и тогашниот претседател на Иран по повод конфликтот меѓу Иран и Израел, наведувајќи дека рускиот претседател повикал на прекин на огнот. Во соопштение на Кремљ, како што пишува „Ројтерс“, се наведува дека „Путин повикал сите страни на Блискиот Исток да покажат разумна воздржаност и да спречат нова рунда на конфронтации која може да резултира со катастрофални последици по целиот регион“.

Иранските државни медиуми во меѓувреме пренесоа  поинаква интерпретација на телефонскиот разговор меѓу претседателот на Русија и Ебрахим Раиси, наведувајќи дека Путин рекол оти „одговорот на Техеран кон Израл е најдобар начин да се казни земјата“пренесе Ројтерс.

Истражувачкиот тим од компанијата „Нисос“, која ги следи онлајн дезинформациите, исто така, не пронајде докази дека Путин објавил дека Русија ќе го поддржи Иран ако САД нападнат.

Изјава на Путин од таква природа, би значела огромни глобални импликаци и би добила значајна медиумска покриеност, но ниеден легитимен медиум не известуваше за ова. Ниту пак, тоа се споменува во руските државни медиуми кои секогаш навремено известуваат за изјавите на Путин, велат од „Нисос“, а пренесува „Ју Ес Еј Тудеј“.

И шефот на истражувачкиот тим на технолошката компанија за следење дезинформации „Лоџикали“Кајл Волтер, за „Ју Ес Еј“ потврдува дека ништо не укажува на тоа дека Путин изјавил дека Русија ќе го поддржи Иран во случај на напад од САД.

Никол Грајевски, која е истражувачка за Русија и Иран, додава дека тврдењето потекнува од проирански Телеграм канали од каде подоцна се проширило на другите социјални медиуми.

Не е нетипично за иранските „Телеграм“ канали да измислуваат приказни за поддршка на Иранизјави Грајевски.

Фотографијата, пак, која е дел од објавата што ја рецензираме, потекнува од декември 2023 година кога тогашниот претседател на Иран, Ебрахим Раиси (починат на 20 мај 2024 година во хеликоптерска несреќа) и претседателот на Русија, Владимир Путин се сретнаа во Москва. До истите заклучоци дојдоа и проверувачите на факти на „Политифакт“.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

 

hubmk

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Муцунски во МНР, Тошковски во МВР, Мисајловски министер за одбрана, Мицкоски ги соопшти имињата на својот кабинет

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар Христијан Мицкоски вечерва ги соопшти имињата на предлозите од коалицијата „Твоја Македонија“ за кандидати за членови на новата влада. Министер за надворешни работи и...