fbpx

Спасени со чамец четирите лица кои залутале по клисурата на Пчиња

Спасувачката операција била исклучително тешка - во еден момент тимот спасители требало да го лепат дупнатиот чамец

-

Центарот за управување со кризи соопшти дека четирите лица кои залутале по клисурата на реката Пчиња се лоцирани и спасени.

Станува збор за две жени, маж и дете (возраст 29, 18, 35, 7 години), кои денес во 2 часот по полноќ биле пронајдени во клисурата откако спасувачка екипа од Велес тргна по нив со чамец.

„Тие по исклучително стрмниот терен успеале да се спуштат на десниот брег на реката Пчиња на непристапно место над – пред манастирот Мала Богородица, во клисурата на реката Пчиња, под автопатот Скопје – Велес, од каде што по земјен пат не можеле да се извлечат во текот на ноќта. Тим спасители со пловење со чамец по Пчиња од Катланово па, сè до локацијата на изгубените во клисурата на реката под самиот автопат, со голем напор и несебично залагање безбедно ги пронајдоа и ги извлекоа од десниот речен брег на левиот, а потоа безбедно ги качија на автопатот“, информираат од ЦУК.

Во акцијата учествувале Регионалниот ЦУК Велес, СВР Велес, ДЗС Велес и Општина (ЕЛС) Велес, како и Тим спасители на вода од доброволното друштво „Македонски спасител безбедност на вода и планина Велес“ кои носеле специјален спасувачки чамец.

Спасувачката акција била исклучително тешка – тимот спасители на моменти го пренесувале чамецот со раце од една на друга локација, а во еден момент дури и го лепеле дупнатиот чамец откако се оштетил, по што продолжиле со својата работа.

Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов изрази голема благодарност на сите ангажирани во спасувачката акција за безбедно пронаоѓање и префрлање преку реката со чамец и извлекување на лицата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дворовите на основните училишта во Чаир во мизерна состојба, институциите дремат

Дворовите на некои основни училишта од општина Чаир се во мизерна состојба и со оштетени спортски терени. Порталб.мк посети неколку од основните училишта во Чаир, и на терен се...