fbpx

ЕУ се темели на принципи кои се фундаментално спротивни на фашизмот

ЕУ е политичка и економска унија од 27 земји-членки кои се фундаментално демократски и се придржуваат до принципите на либерална демократија, човекови права и владеење на правото. Фашизмот е екстремно десничарска, авторитарна, ултранационалистичка политичка идеологија и движење, што се карактеризира со диктаторски лидер, насилно потиснување на опозицијата, верување во природна општествена хиерархија и силен режим на општеството и економијата, пишува Вистиномер

-

Европската Унија се темели на принципи кои се целосно спротивни од оние на фашизмот. Таа е политичка и економска унија од 27 земји-членки кои се фундаментално демократски и се придржуваат до принципите на либерална демократија, човекови права и владеење на правото. Фашизмот е екстремно десничарска, авторитарна, ултранационалистичка политичка идеологија и движење, што се карактеризира со диктаторски лидер, насилно потиснување на опозицијата, верување во природна општествена хиерархија и силен режим на општеството и економијата, пишува Вистиномер.

Текстот го пренесуваме во целост:

Фејсбук објава тврди дека Европската Унија е фашистичка во своите темели и дека е подигната од елити кои што го кренале фашизмот. Ова не е вистина.

Дали е левица или десница, ЕУ си е фашистичка во своите темели.
Подигната од елити кои го кренаа фашизмот, но и колонијализмот, инквизицијата, концентрационите логори, подигната на перверзните школи на Рим и Атина.
Не знам во што се крстите таму!?
Ах да, материјалистичкиот момент, кешот, да, добри се тука, уште малку, кога ќе го снема тоа им следи тешка граѓанска војна, односно ќе им дојде сето тоа што тие го испорачуваа надвор, таков е законот.
Ние СЛавјаните, пред се тие од православна вера, мора да изградиме свој сојуз на држави, каде нашите вредности ќе бидат во прв план, а тоа е тесно врзано со нашиот род, родоверие и нашата родина.
Но дали остана РОД со РОДоверието на нашите предци, прашање кое ќе биде одговорено во следните 10 години, пишува во постот.

Откако во голем број европски земји беа одржани избори за претставници во Европскиот парламент на коишто доминираше десницата, во објава на социјалните мрежи како оваа, се тврди дека ЕУ е фашистичка во своите темели.

Ова не само што не е вистина туку реалноста е сосема спротивна.

Фашизмот е екстремно десничарска, авторитарна, ултранационалистичка политичка идеологија и движење, што се карактеризира со диктаторски лидер, централизирана автократија, милитаризам, насилно потиснување на опозицијата, верување во природна општествена хиерархија, подреденост на индивидуалните интереси за согледаното добро на нацијата или расата и силен режим на општеството и економијата.

Фашизмот ги отфрла тврдењата дека насилството е негативно или бесмислено, наместо тоа ги гледа империјализмот, политичкото насилство и војната како средства за национално освежување.

Фашизмот се залага за воспоставување на тоталитарна еднопартиска држава, при што авторитаризамот и национализамот често се манифестираат како верување во расна чистота или господарска раса, обично помешани со некоја варијанта на расизам или дискриминација на демонизираниот „Друг“, како што се Евреите, хомосексуалците, етничките малцинства или имигрантите. Овие идеи ги мотивираа фашистичките режими да вршат масакри, присилни стерилизации, депортации и геноциди.

ЕУ од друга страна, е политичка и економска унија од 27 земји-членки кои се фундаментално демократски и се придржуваат до принципите на либерална демократија, човекови права и владеење на правото. Со ЕУ управуваат институции кои меѓу другите ги вклучуваат Европската комисија, Европскиот парламент и Европскиот совет. Одлуките се носат низ демократски процеси, при што земјите-членки имаат застапеност и збор во креирањето политики. Европскиот парламент се избира на демократски избори кои се одржуваат во земјите членки, а тој потоа ја избира Европската комисија.

ЕУ става силен акцент на човековите права, основните слободи и заштитата на малцинствата. Таа има механизми за да ги поддржува овие принципи, како што е Европскиот суд за човекови права. Од друга страна пак фашистичките режими се познати по нивната угнетувачка природа, вклучувајќи цензура, прогон на политичките противници и кршење на човековите права.

ЕУ промовира мешана пазарна економија со регулативи насочени кон обезбедување фер конкуренција, заштита на потрошувачите и одржлив развој за разлика од фашистичките економии кои обично имаат државна интервенција и контрола врз клучните индустрии

ЕУ ја слави културната различност и ја охрабрува соработката меѓу различните народи. Се стреми да го поттикне чувството за европски идентитет, истовремено почитувајќи ги националните идентитети. Фашизмот промовира хомоген национален идентитет и често се вклучува во агресивен национализам и ксенофобија.

На 25.10.2018 година, Европскиот парламент објави дека е загрижен од зголемениот тренд на нормализација на фашизмот, расизмот и ксенофобијата и повика сите земји членки на Европската Унија да ги забранат неофашистичките и неонацистичките групи.

Членовите на Европскиот парламент предложија да се состават единици во полицијата за борба против криминал од омраза, за да се осигура дека ваквите инциденти се процесуираат и се истражуваат. Членовите на Европскиот парламент ги охрабруваат националните влади ефективно да ги забранат неофашистичките и неонацистичките групи и сите други фондации и асоцијации кои го глорифицираат нацизмот или фашизмот.

Европскиот Парламент повика земјите членки јасно да ги осудат и санкционираат криминалот од омраза, говорот на омраза од страна на политички фигури кои користат омраза и насилство. Исто така, оттаму додадоа дека е потребно земјите членки да се спротивстават на ширењето на расизам, фашизам, ксенофобија преку интернет во соработка со компании за социјални мрежи. Во резолуцијата се наложува земјите членки и националните спортски федерации, особено фудбалските клубови да се спротивстават на фашизмот, расизмот и ксенофобијата на стадиони и други спортски и културни настани со санкционирање и осуда на овие дејства. Исто така, се предлага земјите членки на ЕУ да состават програми со кои ќе може да им се помогне на индивидуите кои се дел од насилни неофашистички и неонацистички групи, да се одделат од нив и да ги напуштат. Членовите на Парламентот исто така ја потенцираат важноста на образованието, за да се подигне свеста кај младината за историјата и повикува сите јасно да одбиваат да ги прават злосторствата на фашизмот од минатото, дополнувајќи дека вистината за Холокаустот не смее да се тривијализира.

Така што, наспроти тенденциозното етикетирање на Европската Унија како фашистичка, ЕУ се темели на принципи и политики кои се фундаментално спротивни на оние на фашизмот. Па оттаму, оваа објава ја оценуваме како невистина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Податочните центри во Ирска потрошиле повеќе струја од сите домаќинства заедно

Податочните центри во Ирска потрошиле повеќе струја од сите домаќинства во државата заедно, пренесува Гардијан. Според Државниот завод за статистика на Ирска, податочните центри искористиле 21 отсто од електричната енергија...