fbpx

„Солидарност со Палестина“: Студентите побараа УКИМ да го поддржи студентското движење

На протестот се читаа барањата на иницијативата, кои вклучуваа тоа Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ да се обврза да не вклучува договор со Израел. На протестот исто така се читаше поезија, вклучително и од Махмуд Дарвиш, националниот поет на Палестина

-

Вчера, на жешкото попладневно сонце, млади луѓе се собраа на платото пред Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје за да ја изразат својата поддршка за палестинскиот народ, кој веќе осум месеци се соочува со катастрофални услови за живот, како последица на воената офанзива на Израел.

На протестниот собир наречен „Солидарност со Палестина“ се одржа едноминутен молк за повеќе од 35.000 загинати Палестинци, се скандираа пораки како „Free Palestine“ („Ослободете ја Палестина“), се читаше поезија и се вееја знамиња на Палестина.

Фото: Мета.мк

Собирот беше организиран од иницијативата „УКИМци за Палестина“, која се состои од студенти на додипломски и постдипломски студии, како и алумни и работници на УКИМ.

Претставници од иницијативата на мегафон ги читаа своите барања кон универзитетот, кои, меѓу другото, вклучуваа:

„УКИМ да заземе јасна позиција за геноцидот кој Израел го врши во Газа, во форма на декларација, по примерот на многу универзитети; да се обврзе дека нема да склучува договори со израелски партнери додека нема траен прекин на огнот; јасно и јавно да искаже солидарност со студентското движење низ светот и да ја осуди полициската бруталност која ја трпат студентите“.

Фото: Мета.мк

„Во програмата на ректорката Билјана Ангелова стои дека ‘Мисијата на Универзитетот ‘Св. Кирил и Методиј’ во Скопје, е да обезбеди врвно образование и исклучителни знаења на своите студенти, не само во поглед на нивниот интелектуален развој, туку и од аспект на развој на нивните човечки квалитети и етички вредности’. За какви човечки и етички вредности може да зборуваме ако универзитетот не го осуди геноцидот и сколастицидот кој се случува пред очите на светот. Образованието има моќ да еманципира, само кога оние кои образуваат и се образуваат имаат автономија да ги живеат. Во спротивно, образованието што го нуди универзитетот, би било само теоретско, без никаков потенцијал да се материјализира“, рече еден од демонстрантите.

На собирот се прочита отвореното писмо од академиците на Газа, каде во изминатите месеци, како што потенцираа од иницијативата, уништени се сите универзитети, а убиени се 5.479 студенти и 95 професори.

Потоа се читаше поезија, инспирирана од и посветена на Палестина. Собраните студенти слушнаа неколку песни од Махмуд Дарвиш, националниот поет на Палестина, една од која била препеана од Влада Урошевиќ. Демонстрантите беа поканети да го земат микрофонот и да читаат свои песни за Палестина.

Ова е вториот протест во Скопје за изразување солидарност со палестинскиот народ. Првиот се одржа во ноември, кога исто така се читаше поезија од Махмуд Дарвиш, како и од битолскиот поет Панде Манојлов, чија песна за Палестина била преведена на арапски и во Палестина се смета за една од најславните и најубави песни за палестинската борба.

Протест за поддршка на Палестина пред влада: Излегуваме од човечка должност

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Жена од кочанско Оризари пронајдена удавена во канал за наводнување

Осумдесет и деветгодишна жена од селото Оризари, Кочанско, утрово била пронајдена удавена во канал за наводнување во близина на селото, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР). Удавената жена ја пронашол...