fbpx

Ирска, Шпанија и Норвешка најавија признавање на Палестинска држава

Израел утрово објави дека ги отповикува своите амбасадори од Ирска и Норвешка во знак на протест по одлуките

-

Ирска, Шпанија и Норвешка денес соопштија дека следната недела официјално ќе признаат постоење на Палестинска држава, пишува Политико.

Во ирскиот главен град Даблин, премиерот Сајмон Харис, рече дека Палестина го заслужува истото право да биде признаена како суверена држава што го добила Ирска по водењето на војната за независност од Велика Британија пред повеќе од еден век.

Но, тој истакна дека Ирска се надева на обнова на дипломатските меѓу Израел и палестинската управа на Западниот Брег – меѓутоа не сака да понуди дипломатски спас за Хамас, милитантната организација која управува со Газа.

Норвешкиот премиер Јонас Гар Шторе и министерот за надворешни работи Еспен Барт Ајде на прес-конференција денес кажаа дека нивната земја, исто така, на 28 мај ќе ја признае постоење на Палестинска држава, а територијалната демаркација меѓу Палестина и Израел ќе се заснова на границите од пред 4 јуни 1967 година, кога Израел го зазеде Појасот Газа од Египет и Западниот Брег и Источен Ерусалим од Јордан за време на Шестдневната војна.

Израел утрово објави дека ги отповикува своите амбасадори од Ирска и Норвешка во знак на протест по одлуките.

„Денешната одлука испраќа порака до Палестинците и светот: тероризмот се исплати. Откако терористичката организација Хамас го изврши најголемиот масакр на Евреите по Холокаустот, по извршените грозоморни сексуални злосторства на кои сведочеше светот, овие земји избраа да ги наградат Хамас и Иран со признавање на палестинската држава“, изјави Израел Кац, министер за надворешни работи на Израел.

Во Мадрид, премиерот Педро Санчез изјави дека нивното признанието за Палестина како држава не е против народот на Израел и Евреите, а не е ни во корист на Хамас.

Ирска во последниве недели разговараше за потенцијалниот тајминг за признавање на палестинската државност низ неколку состаноци со владите на Шпанија, Словенија, Белгија, Норвешка и Малта, кои во голема мера го делат ставот на Ирска дека ЕУ како целина треба да ја признае палестинската државност.

Ирскиот член на Европскиот парламент, Бери Ендрјус, рече дека се надева оти потезите на Даблин, Мадрид и Осло ќе ја поттикнат ЕУ како целина да оди во иста дипломатска насока.

Досега Шведска беше единствената членка на ЕУ која еднострано го признава постоењето на Палестинска држава. Повеќе од 140 земји-членки на Обединетите Нации исто така ја признаваат Палестинската држава, но ниту една од најразвиените седум земји во светот во групата Г7.

ИзворPolotico.eu

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Минчев, поради злоупотреби, најави укинување на балансерот

Министерот за јавна администрација Горан Минчев најави укинување на балансерот. Како причина за ова, тој рече дека балансерот во минатото бил предмет на злоупотреби. „Имавме случаи каде етнички Македонци се...