Шест месеци по ненадејните напади што ги започна врз Израел, што го предизвика конфликтот во Газа, Хамас е ослабен и поделен, но далеку од поразен, велат експерти, официјални лица и извори блиски до милитантната исламистичка организација, а пренесува „Гардијан“.
Хамас останува во контрола на делови од Газа, вклучувајќи ги и деловите каде што сега е концентриран голем дел од населението. Во последниве денови, „оперативци“ на Хамас вооружени со палки беа забележани како одржуваат ред на улиците на Кан Јунис, јужниот град од кој израелските сили се повлекоа минатата недела.
Во средата, ракети насочени кон Израел беа лансирани од милитанти во северниот дел на Газа.
Неколку членови на највисоките ешалони на организацијата се повредени досега. Способноста на организацијата за ефективно управување е намалена. Воените резерви се исцрпени, а илјадници борци се мртви.