За една недела направени 2.183 инспекциски надзори и поднесени се 2 кривични пријави за организирање свадби

Фото: Арбнора Мемети

Во периодот од 12 до 18 октомври шесте инспекциски служби направиле 2.183 контроли, соопшти денеска претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска Грашкоска.

Инспекторите од Државниот пазарен инспекторат во посочениот период извршија 1.180 контроли од кои 538 се инспекциски надзори спроведени согласно материјалните закони според кои постапува овој инспекторат, а дополнително извршени се 642 по основ на здравствен протокол.

При направените надзори изречени се 24 прекршочни пријави за нерегистрирани дејност или пречекорување на работно време и други основи. Како и дополнително поднесени се 7 кривични пријави за објекти, од кои 2 се однесуваат за организирање свадба во Тетово и во Скопје и уште 5 кои се однесуваат на угостителски објекти во Скопје кои не ги почитувале мерките како дозволено растојание меѓу масите во локалот и слично. Дополнително изречени се 52 решенија и 76 прекршочни платни налози за различни субјекти на територијата на државата.

Директорот на Пазарниот инспекторат, Стојко Пауновски, појасни дека нивна надлежност е само да поднесат кривична пријава до Јавното обвинителство, поради што и се побарани построги мерки се со цел да им се овозможи на лице место да изрекуваат парични казни или да го затворат објектот до 30 дена. Додека ги чекаат измените на законските решенија, ќе може само да изрекуваат кривични пријави.

Инспекторите од Државениот здравствен и санитарен инспекторат направиле покрај издавањето вкупно 5.243 решенија за изолација за заболени лица или оние што биле во контакт со заболен, спроведе дополнително 116 инспекциски надвозри во примарни и јавни установи, домови за стари лица и др правни објекти.

Државен инспекторат за транспорт пак, реализирал 395 инспекциски надзори кај работодавачи при што изречени 23 решенија за работодавачи во државата за отстранување на утврдените недостатоци во однос на начин исплата на плата, работно време и безбедност и здравје при работа на вработените.

Агенцијата за храна и ветеринарство извршила 355 надзори, при што најчесто констатирани недостатоци се: неизвршени здравствени прегледи на вработени , неводење записи за добра хигиенска пракса, неспроведување на општи хигиенски мерки, нерегистрирани објекти и небезбеден производ пуштен во продажба поради што донесени се 5 решенија, 1 прекршочен платен налог и извршени се 33 едукации.

Државен инспекторат за транспорт пак, спровел 82 надзори и за утврдените неправилности поднесе 3 кривични пријави. Две од нив се за непочитување на протоколот за меѓународен превоз на патници на граничен премин Деве Баир и една во Штип за непочитување на протокол за вршење на меѓуградски превоз на патници. Дополнително, изречени се уште 7 прекршочни пријави и 5 решенија.

Агенцијата за лекови и медицински помагала „МАЛМЕД“ извршила 55 надзори, при што не се констатирани прекршувања и отстапување на протоколите.

Грашкоска напомена дека вчерашните донесени мерки кои се однесуваат на работното време на угостителските објекти, како и капацитетот со кои ќе работи јавниот превоз ќе бидат објавени денеска во Службен весник и истите веднаш ќе стапат на сила.