fbpx

Не е точно дека сите што примиле вакцина за грип, добиле и ковид-19, а потоа биле ,,дотепани од болничкиот третман”

-

Во отворената Фејсбук група ,,Здравје со игла не влегува” споделена е научна статија од Peer J, база на научни статии од областа на медицината. Во описот на статијата, заклучоците од научната студија се погрешно претставени, односно се пренесени проследени со дезинформации и полувистини, пишува „Вистиномер.мк“ во својата нова анализа.

Прво, наведено е дека сите кои ,,што се избоделе со вакцина за грип добиле ковид“. Ова воопшто не е точно. Статијата се однесува на истражување за поврзаноста меѓу смртноста од Ковид-19 и вакцинацијата од грип, меѓутоа само кај популација над 65 години, наспроти она што се тврди во постот, дека се однесува на ,,сите“. Во статијата се зборува за оние пациенти кои имале Ковид-19, биле во поодмината возраст и имале примено вакцина против грип. Меѓутоа, тоа што тие примиле вакцина за грип, не е причината поради која што тие се разболеле од Ковид-19, како што сугерира постот. Значи и тоа е дезинформација.

На самиот почеток на објавената студија објавена е белешка од издавачот. Во неа се вели:

„Со оглед на големиот интерес за студии поврзани со вакцинацијата, издавачот ги потсетува читателите дека корелацијата (за која што овде се известува во рамките на една старосна група) не значи и причинско-последична врска. Што значи ова? На пример, во некои градови зголемената продажба на сладолед, корелира со зголемена стапка на убиства. Но, тоа не значи дека ако се продадат повеќе сладоледи, тогаш и ќе се случат поголем број на убиства. Други фактори се во игра во овој случај, а тоа е, на пример, климата. Слично на ова, оваа статија не треба да се сфати дека сугерира оти вакцинацијата против грип резултира со зголемен ризик од смртност ако таа личност се зарази со Ковид-19, бидејќи има многу други збирни фактори што се во игра, на пример, социоекономските“.

И на самиот крај на статијата се наведува дека се неопходни дополнителни истражувања пред да се донесуваат било какви заклучоци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Германија добива онлајн регистар на донори на органи

Германскиот онлајн регистар на донори на органи вчера беше отворен со две години задоцнување. Министерот за здравство Карл Лаутербах оцени дека тоа придонесува за транспарентност и поголема подготвеност на...