fbpx
Таг: прес конференција

таг: прес конференција

Економијата во прв план, со предлог буџетот за 2021 г. над милијарда евра се одвојуваат за разни економски активности

Предлог буџетот за 2021 година кој е проектиран на околу 4 милијарди евра е конципиран да даде одговор на предизвиците со кои се соочуваат економијата и граѓаните, како последица на социо-економската криза од ковид 19, но истовремено и да овозможи развој и да влијае на консолидација и стабилизација на економските текови, образложи на прес конференција вицепремиерот за економски прашања,...

Од 17,2 милиони евра помош за компаниите, Владата очекува дополнителни 90 милиони евра инвестиции

Неповратната финансиска помош во висина од вкупно 17,2 милиони евра на 400 домашни компании ќе им биде на располагање за околу 15 дена, откако наредната недела во Министерството за економија ќе се потпишат посебните договори со избраните компании. Станува збор за исплата на 25 отсто од вредноста на инвестициите кои ги реализирале компаниите од март годинава и од оние...

За една недела направени 2.183 инспекциски надзори и поднесени се 2 кривични пријави за организирање свадби

Во периодот од 12 до 18 октомври шесте инспекциски служби направиле 2.183 контроли, соопшти денеска претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска Грашкоска. Инспекторите од Државниот пазарен инспекторат во посочениот период извршија 1.180 контроли од кои 538 се инспекциски надзори спроведени согласно материјалните закони според кои постапува овој инспекторат, а дополнително извршени се 642 по основ на здравствен протокол. При направените надзори...

Филипче: Ситуацијата е сериозна, новите мерки се последен чекор пред воведување на полициски час

Работното време на сите економски оператори, пред сѐ на угостителските објекти, да биде до 23 часот, јавниот превоз да работи до 50 отсто од капацитетот на автобусите, вработените во администрацијата, како и секаде каде дозволува работниот процес, или да работат во смени или од дома, зависно од профилот на работното место. Ова се предлозите на Комисијата за заразни болести,...

Бектеши ветува работни места, полесни услови за водење бизнис, инвестиции во енергетиката, „Старт-ап село“

Олеснети услови за водење бизнис, намалување на лимитот за основање на фирми, со цел да се поттикне и зголеми приливот на домашни и на странски инвестиции, отворање на повеќе работни места, поттикнување на инвестиции во енергетиката,  туризмот, занаетчиството... најави на денешната прес конференција, министерот за економија Крешник Бектеши. „Најприоритетно е во наредните четири години преку мерките и програмите во рамки...

ОБСЕ/ОДИХР: Изборите добро организирани и покрај пандемијата, но правната несигурност останува грижа

Предвремените парламентарни избори во Северна Македонија беа генерално добро спроведени и кандидатите можеа слободно да водат изборна кампања, но правната сигурност беше поткопана поради значајни промени на законската рамка и последователните владини уредби со законска сила, велат набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР во денешната изјава. „Ова се многу предизвикувачки времиња за одржување на избори, и ги препознаваме напорите на властите да се...

Мицкоски не признава пораз, победиле во најмногу општини, сака да преговара за формирање влада

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во првото појавување по објавувањето на резултатите од вчерашните избори не ја честиташе победата на противникот и не го призна изборниот пораз. Наместо ова, тој тврди дека народот се определил за промени и дека расположението на граѓаните во земјава е опозициско, при што опозицијата освоила повеќе гласови од власта. Мицкоски тврди дека ВМРО-ДПМНЕ без...

Мирен почеток на изборниот ден, набљудувачите на ЦИВИЛ бележат мал број нерегуларности

Забележани се одреден број инциденти, со кршење на изборниот молк и негативна кампања до отворањето на избирачките места утрово, а самиот процес на гласањето од 7 часот е одбележан со многу мал број нерегуларности, во Кочани и Брвеница, и непочитување на заштитните мерки за ковид-19 во Чаир, соопшти претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, на првата денешна прес-конференција, која се...

Ангеловска: Економијата закрепнува, буџетот ликвиден, приходите повисоки од очекуваните

Во периодот јануари – јуни годинава вкупните буџетските приходи се остварени на ниво од 44 отсто од ребалансот (годишниот план) или во износ од 87,4 милијарди денари. Тоа е за 9 отсто помалку во однос на истиот период лани, а процентот на остварување во однос на планот, е речиси ист како и минатата година. Дефицитот во буџетот е остварен...

Од мај досега, хронично болните искористиле над три милиони електронски рецепти

Проектот за електронско издавање рецепти е почнат уште пред кризата со ковид-19, со цел да се избегне непотребното доаѓање на пациентите, пред се на пациентите со хронична болест, и кај матичниот лекар и во аптеките. Тој се покажа како одличен проект, констатираа на денешната прес конференција, министерот за здравство Венко Филипче и министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан...

Спасовски: Отворањето на границите не е поврзано со изборите, така одлучи Комисијата за заразни болести

На првиот ден од започнувањето на изборната кампања, техничкиот премиер  Оливер Спасовски, демантираше дека одлуката за отворањето на границите е политичка, односно дека е поради одржувањето на изборите на 15 јули, за да можат непречено да дојдат и гласаат иселениците. Тој рече дека таа била донесена исклучиво како резултат на мислењето на епидемиолозите. Анализите на Комисијата за заразни болести,...

Платежната картичка „Купувам домашно“ ќе ја добијат 324.479 граѓани

Домашната платежна картичка ќе ја користат 324.479 корисници, a денеска е објавена конечната листа на веб-страната kupuvamdomasno.gov.mk, соопштија од владината прес-служба. Веќе се печатат и првите картички и наскоро ќе почнат да им се издаваат на корисниците. За оваа мерка ќе се издвојат 28 милиони евра, со цел, поддршка на граѓаните, но и на домашното производство и услуги во...

Владата донесе сет економски мерки: 5,7 милиони евра за бескаматни кредити и 50 отсто пониски давачки за придонеси

Економскиот тим на Владата, според досегашните анализи на можните последици состојбата од корона вирусот, а со цел тие да се ублажат, донесе сет од мерки за компаниите кои ќе се и ќе бидат најпогодени од кризата. Мерките ги презентираа на заедничка прес конференција, Мила Царовска, министерката за за економски прашања и за координација со економските ресори, министерот за економија...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...