fbpx

Економијата во прв план, со предлог буџетот за 2021 г. над милијарда евра се одвојуваат за разни економски активности

-

Предлог буџетот за 2021 година кој е проектиран на околу 4 милијарди евра е конципиран да даде одговор на предизвиците со кои се соочуваат економијата и граѓаните, како последица на социо-економската криза од ковид 19, но истовремено и да овозможи развој и да влијае на консолидација и стабилизација на економските текови, образложи на прес конференција вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.

Тој нагласи дека, доколку сѐ се одвива по зацртаните проекции, буџетот в година треба да обезбеди раст на БДП од 4,1 отсто, на извозот за 14,4 отсто и раст на бруто инвестициите за 8,4 отсто. Се пректира и раст на приватната потрошувачка за 3,8 отсто, а раздвижувањето на економската активност да доведе до зголемување на бројот на вработени за околу 2 отсто. 

„За економски активности во 2021 година се планирани 70,2 милијарди денари, или 1,14 милијарди евра, што кога ќе се земат предвид другите групи на расходи, ќе биде втор најголем износ, по социјалните трансфери. Буџетот е проектиран на 247,5 милијарди денари или околу 4 милијарди евра што е за 2,1 процентни поени помалку од буџетот за годинава. Очекуваме значително зголемување на приходите, за околу 8,3 отсто, кои се очекува да бидат 212,6 милијарди денари или 3,45 милијарди евра, со што буџетскиот дефицит, од 8,5 отсто, колку што ќе биде во 2020 година, ќе падне на 4,9 отсто од БДП. Имаме план, во наредните 5 години, односно во 2025 година, буџетскиот дефицит да го спуштиме до 2,5 отсто од БДП“, изјави Битиќи. 

Тој додаде дека буџетот за 2021 година има три главни цели: да обезбеди поддршка и понатамошно унапредување на здравствениот сектор, како врвен приоритет; потоа поддршка и економско заздравување за сите микро, мали, средни и големи компании, кои како последица на пандемијата ќе имаат потреба од помош, стимулирање на компаниите кои работат со успех со што ќе се забрза економскиот раст, и одржување на основните функции на државата за ефикасно спроведување на потребните реформи за евро-атлантските интеграции, со посебен фокус на реформите во правосудството. 

„Со овој буџет очекуваме да се вратиме на преткризното ниво на БДП веќе во втората половина на 2022 година, а веќе во 2025 година, нашата економија да расте со стапка од 5,9 отсто“, рече Битиќи.

Во врска со капиталните прокети, тој нагласи дека средствата кои се планирани во буџетот за нивна реализација и кои се во вредност од 23 милијарди денари (374 милиони евра) се повисоки за 20 отсто во однос на вториот ребаланс на буџетот за 2020 година. Планирани се и средства во износ од 3 милијарди денари, или околу 50 милиони евра за евентуални идни мерки за справување со ковид кризата.

„Една од најголемите поединечни програми е за поттикнување на вработувањето, која  ќе изнесува 1,9 милијарди денари и ќе овозможи поддршка за формирање на нови компании, преку самовработување и вработување, но и обуки за невработените. Со Планот за економски раст во наредната година се проектирани над 2,5 милијарди денари или околу 41,1 милиони евра. Овие средства ќе бидат наменети за инвестиции во изградба на хали и набавка на машини за домашни и за странски компании во ТИРЗ зоните, но и надвор од нив, за поддршка за развој на истражувачки центри, за освојување на нови пазари, за технолошки развој и иновации, накусо, за да ги поттикнеме и забрзаме деловните потфати на фирмите“, рече Битиќи.

Одговарајќи на новинарско прашање околу состојбата со странските инвеститори, Битиќи нагласи дека повеќе странски компании кои сакале годинава да инвестираат во земјава не ги исполниле обврските и ги раскинале договорите спогодбено, но дека има најави за влез на големи, сериозни компании од странство кон крајот на наредната година. Во однос на најавената приватизација или продажба на државните компании кои работат со загуби, како Македонска Пошта и Македонски железници-Транспорт, Битиќи рече дека Владата ќе го има во предвид, пред сѐ, интересот на граѓаните за добивање на современи и брзи услуги. А, што се однесува до најавите за 20 отсто намалување на бројот на вработените во администрацијата, вицепремиерот изјави дека е тоа подолг процес кој не може да се спроведе брзо и насекаде еднакво, затоа што во некои институции бројот на вработените е поголем од потребите, но некаде недостигаат кадри.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деградиран рускиот свештеник што ја водеше комеморацијата на Навални

Рускиот свештеник кој ја предводеше комеморацијата на опозицискиот лидер Алексеј Навални е деградиран од водечките црковни служби и му е наредено да отслужи тригодишно „покајание“, пренесе Гардијан. Свештеникот Дмитриј Сафронов...