петок, 17 април, 2026
Meta.mk

Ознака: финансиска поддршка | 41 резултати

Објавен е повикот за финансиска поддршка за студентите кои живеат надвор од местото на студирање

декември 18, 2023

Министерството за образование и наука (МОН) денеска го објави повикот за остварување на финансиска поддршка на студенти кои живеат надвор од местото на студирање за академската 2023/2-24 година. Станува збор за финансиска поддршка која студентите ќе ја добиваат како ваучер за меѓуградски превоз, а се однесува за оние студенти кои ги исполнуваат следниве услови: да […]

Владата одвои 2 милијарди денари за реализација на 66 проекти низ општините

декември 14, 2023

Нови градинки, училишта, патишта и други градежни проекти ќе се реализираат во општините со средства издвоени од државниот буџет. Владата на денешната седница донесе одлука за пренамена на буџетски средства од две милијарди денари коишто ќе бидат насочени за реализација на 66 проекти во најголем дел општини низ целата држава, меѓу кои Град Скопје, Центар, […]

Николовски не гледа причина за поскапување на лебот

август 22, 2023

Владата на денешната седница донесе одлука за нова финансиска поддршка од 3 денари по килограм на производителите на пченица и јачмен, а помош ќе добијат и производителите на домати и краставици. Притоа, министерот за земјоделство Љупчо Николовски изјави дека пазарот е стабилен и не постои ниту една причина зошто мелничката индустрија би барала повисоки цени […]

Помош од 80 милиони евра од ЕУ за земјава за справување со енергетската криза

март 9, 2023

Република Северна Македонија доби 80 милиони евра финансиска поддршка од Европската Унија, а парите ќе им помогнат на граѓаните да се справат со барањата кои се појавија како резултат на енергетската криза, изјави денеска евроамбасадорот во земјава, Дејвид Гир. На денешната прес-конференција зборуваа премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференцијата на која учествуваа и вицепремиерот за евроинтеграции […]

Финансиската поддршка за ранливи категории на граѓани ќе биде исплатена на 12 јануари

јануари 4, 2023

Паричните средства за корисници на финансиска поддршка за справување со енергетската криза ќе бидат исплатени на 12 јануари, информираше Министерството за труд и социјална политика (МТСП). Списоците на корисници на паричните средства за финансиска поддршка за справување со енергетската криза ќе бидат објавени утре. На интернет-страницата на МТСП ќе биде објавен списокот со корисници на […]

Студентите од утре може да аплицираат на повикот за субвенциониран студентски оброк

ноември 24, 2022

Министерството за образование и наука (МОН) информираше дека е објавен повикот за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк, што подразбира добивање на месечен паричен надоместок за оброци од околу 2.400 денари за девет месеци во годината. Рокот за пријавување за тековните студенти започнува утре и ќе трае до 3 декември, а аплицирањето се врши […]

И по пласманот на светскиот „Турнир на шампиони“ не добивме поддршка од властите, велат ученици од Скопје

октомври 10, 2022

Учеството на светскиот „Турнир на шампиони“ што секоја година се одржува при Универзитетот „Јеил“ во САД е прилика што ја уживаат ученици ширум светот коишто посветено работат на повеќе научни области, дебатираат и се подготвуваат за колаборативно пишување и заедничко излагање со точно дефинирани тези. Соња, Теа и Гала од Општинското основно училиште „Братство“ – […]

Досега сме донирале 14 камиони со помош за Украина, нова акција за поддршка на бегалците во земјава

мај 29, 2022

Се собраа дополнителни финансиски средства и друга поддршка во рамките на хуманитарната акција за помош на бегалците од Украина, насловена како „Денови на хуманост“. Акцијата се одржа во периодот од 25.5.2022 (среда) до 27.5.2022 (петок) во МОШ Бар (MOSH), а беше во организација на Јован Андоновски, заменик-народен правобранител и МОШ (MOSH Bar) во Скопје, со поддршка […]

Елизабета Ѓоргиевска: Жената несомнено е клучен двигател на општествените процеси во сите сегменти

мај 17, 2022

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска се обрати на отворањето на изложбата „Жени во занаетчиство“ што се одржува во Кабинетот на претседателот. Во своето обраќање пред присутните на настанот, сопругата на претседателот истакна дека е чест и инспирација да се биде денес меѓу сите овие жени занаетчики и да се види нивната уметност, креативност и вештини. […]

Борбите продолжуваат, Украина го запре транзитот на руски гас преку Луганск

мај 11, 2022

Украинските власти за првпат од почетокот на руската агресија се одлучија да го сопрат транзитот на руски гас преку станицата „Сохрановка“ и пограничната компресорска станица „Новопсков“ во Луганскиот регион, објавува Би-би-си. Операторот на украинската гасоводна мрежа ГТСОУ објави дека поради околности од „виша сила“ е прекинат транспортот на руски гас. Двете инфраструктурни точки во Луганската […]

Владата со оглас за поддршка на над 7.500 домаќинства во плаќањето на сметките за струја

јануари 11, 2022

Министерството за економија денеска го објави јавниот оглас за финансиска поддршка на домаќинствата со ниски примања во плаќањето на сметките за електрична енергија. За оваа мерка од државниот буџет за годинава се обезбедени 60 милиони денари, а целта е да се заштитат ранливите потрошувачи на енергија. Над 7.500 домаќинства со ниски приходи ќе добијат месечна […]

Стартува петтиот пакет антикризни мерки, компаниите од денеска можат да аплицираат за финансиска помош

април 20, 2021

Од денеска до 30 април компаниите и самостојните вршители на дејност ќе можат до Управата за јавни приходи да поднесат апликација за финансиска подршка за исплата на платите на вработените, за месеците февруари и март годинава, според донесениот петти пакет антикризни мерки. Вкупната финансиска помош од буџетот која е обезбедена за оваа цел изнесува 1,9 […]

Субвенциите се единствената мерка на властите да ги стимулираат граѓаните да возат велосипеди

април 17, 2021

Субвенциите за набавка на велосипеди што почнаа да се доделуваат во неколку македонски општини изминативе години се единствената мерка што претставува стимул од институциите кон граѓаните за повеќе да возат велосипеди во своите средини. Меѓу локалните самоуправи кои делат субвенции за граѓаните е Градот Скопје, кој годинава ќе им додели на заинтересираните граѓани субвенции до […]

Лукаревска: Компаниите што добија финансиска поддршка од државата, ќе ја враќаат на три рати, без камата

април 2, 2021

Од сетот на економските мерки кои минатата година ги донесе Владата, со цел надминување на последиците од кризната ковид состојба, компаниите и самостојните вршители на дејност (СВД), кои добија субвенции за плати и за социјални придонеси за месеците април, мај, јуни, и за октомври, ноември и декември, имаат обврска примените средства да ги вратат во […]

УНДП: За 100 домаќинства од Лисиче втор оглас за финансиска помош за замена на старите печки со инвертери

март 17, 2021

Околу 100 домаќинства од скопската населба Лисиче кои се затоплуваат на дрва, јаглен, нафта или отпад, ќе можат да ги заменат грејните тела со користење на нови енергетски ефикасни енергенси. За таа цел, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) со Градот Скопје и Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), го објави вториот […]

Економијата во прв план, со предлог буџетот за 2021 г. над милијарда евра се одвојуваат за разни економски активности

ноември 19, 2020

Предлог буџетот за 2021 година кој е проектиран на околу 4 милијарди евра е конципиран да даде одговор на предизвиците со кои се соочуваат економијата и граѓаните, како последица на социо-економската криза од ковид 19, но истовремено и да овозможи развој и да влијае на консолидација и стабилизација на економските текови, образложи на прес конференција […]

Туристичко-угостителскиот сектор ќе добие 7,5 милиони евра за покривање на загубите од ковид-19

ноември 13, 2020

Туристичко-угостителскиот сектор кој трпи значителни штети од ковид кризата ќе добие од државната каса финансиска поддршка од 7,5 милиони евра до крајот на годината, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши. За таа цел, на почетокот на наредната недела Министерството за економија ќе објави пет јавни повици коишто произлегуваат од мерките за поддршка на туристичко-угостителскиот […]

Поддршка од 17,2 милиони евра ќе добијат 400 компании за ублажување на економските последици од ковид кризата

ноември 11, 2020

Директна финансиска поддршка во висина од вкупно 17,2 милиони евра ќе добијат 400 домашни компании за да го ублажат ударот врз работењето што го имаат како последица на ковид кризата, одлучи Владата на синоќешната 19 седница. „Средства се дел од третиот пакет мерки, наменети се за опоравување на домашната економија за време на здравствено-економската криза, […]

Стопанската комора на Северозападна Македонија финансиски ќе поддржи 15 микро и мали компании

октомври 31, 2020

Во рамки на пост ковид-19 трансформативната програма, финансиски поддржана и од Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем, Стопанската Комора на Северозападна Македонија ќе поддржи 15 микро и мали компании. Тие ќе добијат директна поддршка за обезбедување ликвидност, за зачувување на работните места и како и приклучување во ланецот на снабдување на Комората, што […]

Министерството за одбрана ќе стипендира студенти под услов тие по дипломирањето да работат за Армијата

октомври 30, 2020

Од почетокот на 2021 година како Министерство за одбрана ќе почнеме да стипендираме млади кои студираат и се образуваат за таканаречени критични специјалности за армијата. Се работи за области кои и се потребни на армијата, а не ги имаме доволно, како информатика, електротехника, сајбер одбрана, области во кои ни треба специјализирано знаење, соопшти министерката за […]

Страна 1 од 2