fbpx

Од мај досега, хронично болните искористиле над три милиони електронски рецепти

-

Проектот за електронско издавање рецепти е почнат уште пред кризата со ковид-19, со цел да се избегне непотребното доаѓање на пациентите, пред се на пациентите со хронична болест, и кај матичниот лекар и во аптеките. Тој се покажа како одличен проект, констатираа на денешната прес конференција, министерот за здравство Венко Филипче и министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски.

„Се модернизираше процесот на препишување и издавање лекови, без хартија, односно преку електронски рецепт, и тоа е нешто што ја олеснува целокупната постапка за издавање на рецептите за пациентите, од што придобивка имаат не само пациентите, туку и матичните лекари и аптеките, фармацевтите, и секако Фондот за здравствено осигурување“, рече министерот Филипче.

Тој потенцираше дека софтверскиот рецепт е директно достапен во аптеките, а во исто време Фондот за здравствено осигурување има информација за тоа кој матичен лекар, за кој пациент какви лекови препишува. Од први мај досега, преку овој систем се креирани над три милиони рецепти за хронична, акутна терапија. Електронскиот начин на издавање рецепти е практично надополнување на активностите за целосна достапност до терапиите и лековите за пациентите и граѓаните, која почна минатата година во октомври, кога целосно беа укинати квотите за лекови на рецепт во аптеките.

На прес-конференцијата министерот Филипче изјави дека сите мерки и проекти кои се реализираат за подобрување на животот и здравјето на пациентите, но и модернизацијата, односно дигитализација во здравството, имаат за цел подобрени, современи здравствени услуги за граѓаните, унапредување на условите и оптимизирање на работата на здравствените работници.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...