среда, 21 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: мерки за заштита | 24 резултати

Филипче објави фотографија од партиски состанок на ВМРО-ДПМНЕ каде не се почитуваат заштитните мерки

17 октомври 2020

Министерот за здравство, Венко Филипче на својот Твитер профил објави фотографија со членовите на ВМРО-ДПМНЕ на која дваесетина луѓе не носат заштитни маски, ниту одржуваат дистанца. „Состанок на ВМРО-ДПМНЕ за барање одговорност од власта за корона вирусот“, напиша министерот. Состанок на ВМРО-ДПМНЕ за барање одговорност од власта за коронавирусот. pic.twitter.com/Mqmset3pBI — Венко Филипче (@VFilipche) October […]

Во последните 24 часа изречени 541 казна за неносење заштитна маска

17 октомври 2020

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 541 прекршок, информираат од Министерството за внатрешни работи. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид-19. Мета.мк претходно извести дека само за 15 […]

Шахпаска: Нема по секоја цена да ги чуваме градинките отворени

16 октомври 2020

Во моментот 44 деца од градинките во државата се во изолација, откако се утврдило дека биле во контакт со заболени со ковид-19. Меѓутоа, како што оцени министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, заболените деца заразата не ја добиле во градинките, заболените вработени во голем дел се вратени на работа, а состојбата е под […]

Поради моменталната ситуација со ковид-19, Таксират фестивал ги одложи концертите на „Лајбах“ и Страјк

16 октомври 2020

Концертот на музичката група Лајбах и концертот на македонскиот рапер Страјк кои требаше да се одржат на 29 односно 23 октомври, се одложени, информираат од Таксират фестивал, во чиј склоп требаше да се одржат истите. „Поради моменталната здравствена ситуација и сè построгите ограничувања и мерки, решивме двата наредни настани во склоп на 22-рото издание на […]

Само за 15 дена во октомври се изречени казни за неносење маска колку за цел јули (инфографик)

15 октомври 2020

Расте бројот на новозаразени со ковид-19, а паралелно со тоа и бројот на казни што ги изрекува Министерството за внатрешни работи за неносење заштитна маска на лице како превенција од вирусот. Владата на седница ги разгледа новите рестритктивни мерки со цел справување со ситуацијата, меѓу кои и мерката за носење заштитна маска на отворено, која […]

Изминатиов викенд инспекторите изрекле 27 кривични и 8 прекршочни пријави за угостители

13 октомври 2020

Во изминатите три дена од продолжениот викенд, од страна на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) извршени се вкупно 1.366 контроли и 104 надзори во угостителски објекти согласно Законот за угостителска дејност, Законот за заштита од пушењето, здравствените протоколи, Законот за угостителска дејност, Уредбата со законска сила за примена на Законот за трговија и Законот за заштита […]

Младите согласни дека недостасува енергијата на дружбите во живо преку Еразмус+ размените

3 октомври 2020

Пандемијата ги затвори границите, а со тоа се одложија и патувањата на младите коишто со Еразмус+ размените имаа можност да патуваат во странство. Младинските организации беа принудени работата да ја извршуваат од дома, а голем дел од активностите, особено интернационалните ги одложија на неодреден временски период. Иако работните задачи добија нов облик, младите се согласни […]

Учениците ќе може да останат на продолжен престој во училиште, но без да се мешаат паралелките

29 септември 2020

Одделенијата кои ќе започнат настава со физичко присуство, односно учениците од иста паралелка и од исто одделение ќе може да останат на продолжен престој во училиштето, без притоа да се мешаат паралелките и одделенијата. Оваа одлука ја донесе Владата на денешната седница. Оттаму информираат дека усвоен е и извештајот на Комисијата за давање согласности за […]

Од понеделник банките ќе почнат со исплата на септемвриските пензии

25 септември 2020

Oд понеделник 28 септември, почнува етапната и предвремена исплата на септемвриските пензии, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот, информираат од Министерството за труд и социјална политика (МТСП). Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во […]

Културните настани на затворено ќе се одржуваат со 30 отсто од капацитетот на салите

24 септември 2020

Кината, театрите и другите установи каде што се одржуваат културни манифестации повторно ќе се отворат и за нив ќе важат протоколите за организација на настани кои ги усвои Владата. Според препораките, настаните на отворено ќе се организираат со 50 проценти од капацитетот на местото каде што се одржуваат и ограничен број до максимум 1.000 посетители. […]

Саемот на книга ќе се одржи од 8 до 14 септември на отворен простор кај СЦ „Борис Трајковски“

27 август 2020

Саемот на книга 2020 ќе се одржи од 8 до 14 септември на отворено во А1 Арена СЦ „Борис Трајковски“, кај Аква Паркот под монтажни објекти, информираат организаторите. „Љубителите на книгата ќе може да избираат од понудата на голем број домашни и странски автори, странска литература, стручна, научна и белетристичка литература, книги за млади и […]

ССНМ: Државните институции да овозможат услови за безбедно известување во време на пандемија

12 август 2020

Самостојниот синдикат на новинари и медумски работници реагираше по поплаките на нивните членови откако тие информираа за начинот на кој била организирана прес-конференцијата на министерот за образование и наука Арбер Адеми која се одржа во зградата во која што е сместено министерството. „Прес-конференцијата се одржа во просторија за состаноци на осмиот кат, во затворен простор […]

Викендов бесплатно кино на отворено во паркот пред МКЦ

9 јули 2020

Младинскиот културен центар во Скопје на 10 и 11 јули ќе организира бесплатно кино на отворено во паркот пред МКЦ. Проекциите почнуваат од 21 часот, а бројот на места е ограничен во согласност со мерките за заштита од ковид-19. „Доколку сакате да имаме културна програма ова лето, Ве молиме грижете се за себе и другите. […]

Филипче уверува дека гласањето на денот на изборите ќе биде безбедно

7 јули 2020

Министерот за здравство Венко Филипче во видео-порака потсети дека Министерството за здравство во соработка со другите институции изготви сигурен и ефикасен протокол за заштита на здравјето на граѓаните при гласањето на парламентарните избори што ќе се одржат на 15 јули. „Сакам од мое лично име и од името на Комисијата за заразни болести, да ве […]

Мицкоски не дојде на распит во „Беко“, советникот на Чулев, Љупчо Андоновски презема одговорност за „Боемска“

29 јуни 2020

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска беше повикан на распит во полициската станица „Центар“, но тој не се појавил на разговорот. Наместо него, на распитот се појавил негов правен застапник. За разлика од Мицкоски, поранешниот директор на УБК и актуелен советник на министерот Наќе Чулев, Љупчо Андоновски се појави во „Беко“ и на распитот изјавил […]

Со посебни протоколи за заштита во Охрид од денеска започнаа уписите на првачињата

1 јуни 2020

Од денеска па сè до 30-ти јуни во Охрид ќе се запишуваат околу 600 ученици во прво одделение за учебната 2020/2021 година. Според посебниот протокол за заштита од Ковид-19, уписите се спроведуваат во термин утврден од Комисија за запишување ученици, формирана од директорот на училиштето. Поголемите основни училишта во текот на овој месец ќе бидат […]

Филипче побара од МВР поажурно да контролира и да казнува за непочитување на мерките за заштита

29 мај 2020

Дел од заболените не ги почитуваат мерките за самоизолација, даваат лажни адреси и ја избегнуваат комуникацијата со епидемиолозите. Граѓаните во одредени делови од земјата не се заштитуваат себе си и останатите околу нив со тоа што не носат маски и не одржуваат растојание, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција по објавата дека […]

Спасовски: Очекував верските заедници повеќе да се грижат за животот и здравјето на граѓаните

8 мај 2020

Со верските заедници имавме добра комуникација и сите заедно разговаравме колкава е важноста на здравјето и животот на граѓаните и дека тоа нема поголем приоритет. Од тоа нема поединечен интерес, на одредена група, на верска заедница, политичка партија. Со овие зборови техничкиот премиерот Оливер Спасовски денеска го коментираше вчерашното собирање на стружани на литијата по […]

Влада: Неодговорното однесување во Струга, го зголеми ризикот по јавното здравје на граѓаните

8 мај 2020

Владата најостро го осуди организирањето на настанот во Струга поттикнат за одбележување на верски празник, како и организирањето на прославата за Денот на полицијата во Скопје. „Организирањето на овие настани во услови на пандемија значи свесно кршење на забраните за јавни собири, и е резултат на крајно неодговорни одлуки кои се закануваат да ги доведат […]

Филипче: Не ги распуштивме школите за децата да ги полнат парковите и игротеките

11 март 2020

Две нови лица се заразени со корона вирус, кои биле соседи на тројцата пациенти од Дебар и кои биле во чести контакти, соопшти министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција. Тој информира дека сите други нивни роднини кои живеат во истата куќа не се заболени од вирусот. – Заболените ќе останат во изолација и лекување […]

Страна 1 од 1