fbpx

Во земјава досега дијагностицирани над 200.000 случаи на ковид-19, денеска 511 новозаболени лица

-

Од почетокот на ковид-19 пандемијата до денес, преку тестирања во лабораториите се откриени над 200.000 случаи на лица кои заболеле од корона вирусот. Министерството за здравство денеска повторно информира за над 500 новозаболени лица во едно деноноќие.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 3.622 тестирања, а регистрирани се 511 нови случаи на ковид-19: Скопје – 247, Куманово – 54, Велес – 29, Кочани – 21, Битола – 20, Тетово, Прилеп, Кавадарци и Штип – по 15, Крива Паланка – 10, Делчево – 9, Гевгелија – 8, Кичево – 7, Неготино и Свети Николе – по 6, Виница – 5, Охрид и Богданци – по 4, Струмица, Радовиш, Валандово и Кратово – по 3, Ресен и Демир Хисар – по 2, Гостивар, Берово, Пробиштип, Крушево и Македонска Каменица – по 1.

Во текот на изминатото деноноќие регистрирани се 10 починати лица: 4 починати лица од Скопје (82г, 79г, 64г и 51г), 2 починати лица од Куманово (81г и 49г) и по едно починато лице од Битола (71г), Велес (75г), Штип (67г) и Македонска Каменица (69г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Регистрирани сe 497 оздравени пациенти од: Скопје – 255, Куманово – 65, Велес и Штип – 21, Прилеп – 17, Тетово – 14, Струмица – 13, Битола – 12, Охрид – 10, Кавадарци и Гевгелија – по 8, Кичево и Пробиштип – по 7, Струга и Кочани – по 6, Радовиш и Македонска Каменица – по 5, Крива Паланка и Виница – по 3, Ресен, Кратово, Богданци и Дојран – 2, Демир Хисар, Свети Николе и Дебар – по 1.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 200.412, бројот на оздравени пациенти е 187.149, на починати е 7.072, а бројот на активни случаи на ковид-19 изнесува 6.191.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...