УЈП: Казни за 179 работодавачи кои добиле над 85 илјади евра за исплата на плати, а не ја поделиле на 338 вработени

-

Директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска, денеска информираше за искористеноста на мерката финансиска поддршка за исплата на плати за месец октомври 2020 година. Таа посочи дека во овој месец се поднесени  13.819 барања БФП-ИП/2, и на 12.598 работодавачи им се исплатени вкупно 961.613.984 денари, за вкупно 61.556 вработени.

Вкупно 179 работодавачи, кои примиле финансиска поддршка за месец октомври во износ од 5.271.771 денари (85.719 евра), не ја исполниле обврската за исплата на плата за 338 вработени.

Лукаревска обелодени од кои сектори се тие. Четириесет работодавачи од Трговија на мало примиле финансиска помош од 968.254 денари и на 63 вработени не им исплатиле плата. Потоа, 23 фирми што вршат подготовка на оброци и служење на храна примиле помош од 830.614 денари и на 55 вработени не им исплатиле плата; 12 фирми од дејноста транспорт, примиле помош од 418.512 денари и на 25 вработени не поделиле плата. Тука влегуваат и дејностите трговија на големо, изградба на згради, трговија на големо и мало со моторни возила и моторцикли.

По региони, најмногу фирми што не исплатиле плата се од : Скопје 52, Тетово 41 и Гостивар 15. Вкупно 24 даночни обврзници, за дел од вработените побарале финансиска поддршка преку конечна пресметка, а за дел со исправка, и за 506 вработени добиле 2.005.437 денари, а не извршиле доплата на износот на плата во вкупен износ од 99.186 денари.

Овие компании се од дејностите трговија на големо, подготовка на оброци и служење на храна, останата производствена индустрија и други. По региони најголем дел од овие фирми се од: Скопје 3 , Битола 3 , Гостивар 2 , Неготино 2.

„За овие работодавачите следи спроведување на постапка на присилна наплата на платата. Согласно Закон за финансиска поддршка на работодавачи погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот ковид-19, за месеците октомври, ноември и декември 2020 година, се предвидува изрекување на глоба од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност на микро правно лице. Од 500 до 2.000 евра на мало, од 1.000 до 6.000 евра за средно и од 1.000 до 10.000 евра на големо правно лице“, изјави Лукаревска на прес конференција.

За оние компании кои не исплатиле плата за април, мај и јуни 2020 година, Лукаревска информираше дека е спроведена присилна наплата. Во април плата не исплатиле 55 работодавачи, 48 во месец мај и 82 во јуни. За нив се доставени детални податоци во ЈО за покренување на кривична постапка.

„Започнуваме со вршење на детални контроли, по сите видови на даноци, а истите ќе бидат и координирани со Државниот инспекторат за труд. Покрај финансиските контроли ќе следи и инспекциски надзор кај компаниите кои исплатиле плата пониска од минималната, согласно со закон. Листата на компании кои примиле поддршка за октомври, а не ја исплатиле платата ќе биде денес доставена до Генералниот секретаријат на Владата, за јавна и транспарентна објава на неплаќачите. Листата нема да може да се менува, независно дали по објавата некој обврзник ќе исплати плата“, рече Лукаревска.

Предложен притвор за лицето коешто предизвика пожар на улицата „Ѓорче Петров“

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Предизвикување општа опасност, бидејќи намерно иницирал пожар со кој предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето...

Македонија стана дел од Програмата на Европската унија „Граѓани, еднаквост, права и вредности“

Од владата денес информираа дкеа Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани во Брисел денес ја потпиша Меѓународната спогодба за учество на РСМ во Програмата на Европската унија „Граѓани,...

За кандидирање независни советници условот да биде од 20 до 100 потписи, бараат граѓанските организации

Девет граѓански организации и иницијативи денеска повторно апелираа да се повлечат заглавените противуставни измени на Изборниот законик и да се предложат нови кои ќе бидат во линија со одлуката на Уставниот...

Организации од Европа и Балканот апелираат УНЕСКО да го прогласи Охрид за наследство во опасност

Триесет и девет организации и една европска мрежа од 15 организации доставија писмо до Комитетот за светско наследство на УНЕСКО со кое бараат да се усвои нацрт одлуката за впишување на...

Предложен притвор за лицето коешто предизвика пожар на улицата „Ѓорче Петров“

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Предизвикување општа опасност, бидејќи намерно иницирал пожар со кој предизвикал значителна опасност за животот и телото...