четврток, 18 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: неисплатени плати | 11 резултати

УЈП: Казни за 179 работодавачи кои добиле над 85 илјади евра за исплата на плати, а не ја поделиле на 338 вработени

декември 14, 2020

Директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска, денеска информираше за искористеноста на мерката финансиска поддршка за исплата на плати за месец октомври 2020 година. Таа посочи дека во овој месец се поднесени  13.819 барања БФП-ИП/2, и на 12.598 работодавачи им се исплатени вкупно 961.613.984 денари, за вкупно 61.556 вработени. Вкупно 179 работодавачи, кои […]

Синдикати: Кривична одговорност за работодавачите кои зедоа државни пари за плати, а не ги исплатија работниците

јули 29, 2020

Шест синдикати, неколку здруженија и асоцијации ги осудија сите работодавачи кои зедоа државни пари за исплата на плати, а не им ги дадоа на своите вработени. Во нивното заедничко соопштение се вели дека целта на државната финансиска поддршка утврдена со владината уредба за справување со кризата од ковид-19 беше да се зачуваат работните места на […]

Над 60 вработени од „Еурокомпозит“ на принуден одмор, фабриката без струја

јануари 29, 2020

Над 60 вработени во прилепската фабрика за наменско производство „Еурокомпозит“ се упатени на принуден одмор со плата од 70 отсто, а фабриката речиси 3 недели е без струја, поради неплатени сметки. Вработените се револтирани, зашто немаат здравствено осигурување, платите не им се исплатени за цела 2019 и дел од 2018 година. Тие бараат средба со […]

Вработените во „Колска“ блокираа возови поради неисплатени плати

април 16, 2018

Вработените на фабриката за шински возила „Колска“ утрово од 7 до 9 часот ја блокираа Железничката станица во Велес, поради доцнењето на платите и тоа со месеци, јави СДК. За време на двочасовниот штрајк беше блокиран патничкиот воз од Скопје за Битола, кој поради тоа доцнеше 90 минути. Работниците велат дека штрајкуваат и поради тоа […]

Железничарите го откажаа штрајкот, ќе ја чекаат ноемвриската плата

декември 25, 2017

Вработените во Македонски железници – Транспорт, се договориле да го одложат штрајкот кој претходно го договорија за утре, поради најавата од раководството на претпријатието и на Владата дека неделава ќе им биде исплатена целата плата за ноември. Пред извесно време, со штрајкот кој траеше три дена, вработените во МЖ – Транспорт издејствуваа да им биде […]

Вработените во „Колска“ блокираа возови во Велес

јули 5, 2017

Вработените во фабриката за шински возила „Колска“ во Велес изутринава го блокираа железничкиот сообраќај. На железничката станица во Велес, утрово штрајкувачите блокираа четири патнички возови, три домашни и еден меѓународен, кои од 7 до 9 часот стоеја на станицата во Велес. Вработените тврдат дека блокадата на сообраќајот е единствениот начин да извршат притисок врз „МЖ – […]

Заев вети дека ќе се реши проблемот со платите во „Колска“

јуни 27, 2017

Премиерот Зоран Заев презел обврска уште денеска да почне решавањето на проблемот на вработените во фабриката „Колска“ во Велес, кои шест месеци немаат земено плата, а ќе се најде и трајно решение за статусот на компанијата, соопшти Владата. На средбата со синдикатот на фабриката за шински возила „Колска“ од Велес, Заев ветил дека проблемот финансиски […]

Страна 1 од 1